04 Мај, 2024
0.0263

Европската банка за обнова и развој со нова стратегија за значајна поддршка на Република Македонија

Објавено во: Економија 16 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори д-р Кочо Анѓушев, остварија средба со делегација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Делегацијата на ЕБОР предводена од госпоѓа Шарлот Рухе, директорка за Централна и Југоисточна Европа, која ја придружуваа и првите луѓе на канцеларијата на ЕБОР во Република Македонија, на почетокот на средбата искажаа честитки за одлуката на Европската Комисија на ЕУ, на Република Македонија да и биде дадена препорака за почеток на преговорите за членство, врз основа на исполнети услови.

За ЕБОР, беше кажано на средбата, оваа одлука на ЕК потврдува дека Република Македонија се движи по вистинскиот пат, што за банката е добар знак да ја продолжи и дополнително да ја интензивира соработката со Владата на Република Македонија.

Во оваа фаза, соработката првенствено се однесува на финансиската поддршка на ЕБОР во однос на актуелните проекти во рамките на Коридорот 8 како што е како автопатниот проект на делницата Крива Паланка до границата со Република Бугарија, и кредитната линија за реконструкција и рехабилитација на патната инфраструктура во земјата во вкупна должина од 400 километри.

Оваа иницијатива доаѓа по позитивните сигнали за напредокот на Република Македонија во Стратегијата на ЕУ за Западен Балкан за проширување на унијата и ќе се фокусира на дефинирање на проекти во областите на поврзувањето, поддршка на конкурентноста, заштита на животната средина, во делот на енергетската ефикасност и обновливите енергии, како области нотирани токму во препораките на извештајот на Европската Комисија за Република Македонија.

Премиерот Заев информираше дека Владата очекува од ЕБОР да ги препознае приоритетите на проектите од Коридорот 8, како што е поврзувањето на Република Македонија со железничка линија на делницата Кичево-Глин во Република Албанија, со што практично ќе биде реализирано поврзувањето на пристаништето Драч со Истанбул преку Република Бугарија.

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација со економските ресори д-р Кочо Анѓушев детално ги запозна претставниците на ЕБОР со разработените проекти за електрични централи со обновливи извори на енергии, како што се ветерниците и соларните електрични централи, гасификацијата и транспортната инфраструктура.

Делегацијата на ЕБОР искажа максимална подготвеност да се вклучи во поддршката на овие енергетски проекти, како и во поддршката на железничката инфраструктура на Коридорот 8 кон Албанија за која говореше премиерот Заев.

Од ЕБОР информираа дека банката наскоро ќе ја продолжи поволната кредитна линија за поддршка на конкурентноста на приватниот сектор со дополнителни 30 милиони евра, со што вкупната поддршка на Европската банка за обнова и развој во овој дел на подигање на капацитетите на македонските компании за приближување до ЕУ стандардите за поголема компетитивност на европскиот пазар, ќе достигне вкупно 36 милиони евра.

Премиерот Заев изрази благодарност и за оваа вест и поддршка, и предложи ЕБОР да подготви нова финансиска линија за малите и средни претпријатија за набавка на  современа и конкурентна опрема со цел уште поголема ефикасност и конкурентност на македонските производи со оние на ЕУ.

На средбата беше изразено взаемно задоволство од планот на делегацијата на Владата на Република Македонија да се сретне со највисокото раководство на ЕБОР на претстојниот самит за Западен Балкан, што во Лондон го организира банката за шесте земји членки на регионот, на кој се поканети и првите луѓе на 200 компании со интерес да инвестираат во регионот. На овој Самит се очекува да се финализираат договорите за финансиска поддршка за наведените проекти. 


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?