19 Декември, 2025
0.0661

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

Објавено во: Економија 03 Мај, 2024 06:37

Добивај вести на Viber

Нереално високо проектирање на економскиот раст ги надувува фискалните приходи и го потценува буџетскиот дефицит. Предвидената фискална консолидација е коректна, но неопходна е да биде сеопфатна, односно која нема да се гледа само низ призма на буџетскиот дефицит. Неопходно е да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции и тие да се буџетираат реалистично и низ среднорочна буџетска рамка.

Ова се дел од забелешките на Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“, кои в последниот коментар ги анализираа изборните програми на политичките партии од перспектива на ризици.

- Сега е важно прудентно управување со јавниот долг, со оглед дека земјата оперира на психолошката граница од мастришкиот критериум за јавен долг во однос на БДП од 60%

Ветувањата за повисоки плати може да бараат високи субвенционирања од буџетот, според поуките од минатото. Ваков тип субвенции се фискален хазард.

Раст на пензиите повисок од предвиденото усогласување со растот на цените и платите е сериозен фискален хазард - укажуваат од „Фајненс тинк“.

Според нив, фискална консолидација е неопходна и на приходната страна, но на краток рок примарно и единствено преку истрајна борба со сивата економија, а не со повисоки и нови даноци. Исто така укажуваат оти е неопходна рационализација и преиспитување на ефектите од сите видови државна помош, кои кријат 'сиви зони' за неефикасно трошење народни пари. Целосната анализа на овој линк.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?