30 Април, 2024
0.0354

Ќе се преземе ли во Виена решавачкиот чекор за спорот за името?

Објавено во: Македонија 27 Март, 2018

Добивај вести на Viber

На 30 март се очекува да има голем напредок за решавање на долговековниот спор со Грција. На најавената средбата на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, во Виена во петок, заедно со посредникот на ОН Метју Нимиц, се очекува  да обидат да се изнајдат допирните точки на двете страни, и да се оди чеков понапред во решавање на спорот со името. На средбата треба да се процени и досегашниот напредок во преговорите. 

По средбата во Виена, Димитров најави дека ќе отпатува за Атина на уште една средба со својот грчки колега. Димитров, инаку, изрази „претпазлив оптимизам“ по средбите со Коѕијас во Скопје.

Досега е јасно дека грчката страна бара измени во македонскиот Устав, името да биде и за внатрешна и за надворешна употреба, но бара и договорот да е со не преведено име.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека на 30 март ќе знаеме во кој правец се движиме во однос на прашањето за името, и дека тоа е денот кога се очекува следниот чекор.

„Фокусот е на 30 март кога очекувам суштина во самиот процес на преговорите, затоа што дури и кога стигнуваат текстовите тие се обично форма или рамка. Не може никој да стави нешто внатре додека нема некоја суштина во преговарачкиот процес. Очекувам дека ќе се направи следен чекор којшто ќе биде прифатлив за двете страни“, рече Заев.

Во меѓувреме, високи извори од грчкото МНР за „Катимерини“ изјавиле дека патот до решение може уште долго да трае.

„На почетокот постоеше оптимизам дека периодот до Велигден може да доведе до конечен договор, што едноставно ќе се ратификуваше во април или мај, на начин на кој ќе одбереше секоја страна. ПЈРМ сигурно со референдум. Меѓутоа, во пракса разликите се покажаа многу посериозни од тоа што беа оценети на почетокот, не толку многу поради дипломатското растојание, туку поради сериозните политички пречки со кои што се соочуваа и двете влади во претходните месеци“, напиша „Катимерини“.

Заменик министерот за надворешни работи на Грција Јанис Аманатидис, вчера за грчкото радио „Realfm“ изјави дека за одредени прашања има приближувања, за други се уште се преговара, направени се чекори, а позитивно е тоа што има политичка волја.

„Постојат точки во кои постои многу добро доближување и точки за кои сѐ уште се разговара и се во преговори. Направени се чекори, постои политичка волја и од другата страна и покрај тешкотиите што постојат и во ПЈРМ, за преговорите да одат напред и ова е позитивно“, вели Аманатидис

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: „ТОЧНО ЗНАМ АЛИ ШТО ПРАВИШ СО СОРАБОТНИЦИ И ТВОИТЕ БАНДИТИ ВО БУТЕЛ И ЧАИР“: „Се собираат во стан во Топанско поле наоружани до заби“

МИЦКОСКИ: „ТОЧНО ЗНАМ АЛИ ШТО ПРАВИШ СО СОРАБОТНИЦИ И ТВОИТЕ БАНДИТИ ВО БУТЕЛ И ЧАИР“: „Се собираат во стан во Топанско поле наоружани до заби“

ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ: Новото партиско раководство треба да подаде рака кон нашите членови што заокружиле за Максим

ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ: Новото партиско раководство треба да подаде рака кон нашите членови што заокружиле за Максим

Обвинителството бара мерки за претпазливост за лица од Агенцијата за млади и спорт

Обвинителството бара мерки за претпазливост за лица од Агенцијата за млади и спорт

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ И БЕЗ МЕНЕ, ЈАС ДАДОВ СЀ ШТО МОЖЕВ, НО НЕ БЕШЕ ДОВОЛНО: Ванковска се враќа на старите обврски

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ И БЕЗ МЕНЕ, ЈАС ДАДОВ СЀ ШТО МОЖЕВ, НО НЕ БЕШЕ ДОВОЛНО: Ванковска се враќа на старите обврски

На 8 мај гласање за претседател и за пратеници само во исто време

На 8 мај гласање за претседател и за пратеници само во исто време

АКО САКАТЕ БЕСПЛАТНО ДА ПАРКИРАТЕ УТРЕ МУ Е МАЈКАТА: Паркинзи Центар нема да наплаќаат на Денот на трудот

АКО САКАТЕ БЕСПЛАТНО ДА ПАРКИРАТЕ УТРЕ МУ Е МАЈКАТА: Паркинзи Центар нема да наплаќаат на Денот на трудот

„Бидете сигурни дека владејачка гарнитура нема да се формира без пратениците на Европскиот фронт“: Бајрами за можните договори по изборите

„Бидете сигурни дека владејачка гарнитура нема да се формира без пратениците на Европскиот фронт“: Бајрами за можните договори по изборите

Човек падна во шахта покриена со картон во Скопје

Човек падна во шахта покриена со картон во Скопје

МИЛОШОСКИ: Отфрлена жалбата на Академијата за судии и обвинители, се запира постапката за вработување на 130 лица

МИЛОШОСКИ: Отфрлена жалбата на Академијата за судии и обвинители, се запира постапката за вработување на 130 лица