03 Мај, 2024
0.0268

Која банка даде најголема поддршка на граѓаните во корона кризата?

Објавено во: Економија 24 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Халк банка цврсто гази на македонскиот банкарски пазар. Во услови на корона криза дала најголема поддршка на македонските граѓани преку своите кредитни линии. Во исклучително ризички услови (заради новонастаната состојба) за првите шест месеци банката ги зголемила кредитите за граѓаните за 17 милиони евра што е убедливо најмногу во споредба со директните конкуренти: Охридска банка, Стопанска банка Скопје, Комерцијална банка и НЛБ Банка

Халк банка е најголем кредитор на граѓанскиот сектор во првата половина од годинава , покажуваат достапни официјални податоци за работата на домашните деловни банки во првото полугодие. Халк банка го зголемила своето кредитно портфолио наменето за граѓаните за 17,2 милиони евра во првото полугодие од годинава и со тоа покажа дека е голем поддржувач на македонската економија во услови на намалена економска активности и зголемени ризици предизвикани од пандемијата со корона вирусот.

Халк банка во првото полугодие годинава пласирала повеќе пари од големите  ривали – банките од големата петорка (Стопанска банка Скопје, Комерцијална банка, Охридска банка и НЛБ Банка) и во вкупниот раст на кредитирањето на граѓани учествува со 23,4 отсто. Вкупниот раст на кредити во првото полугодие за граѓаните изнесува 73 милиони евра и е креиран од 11 деловни банки. Убедливо е најголемо учеството на Халк банка со 17,2 милиони евра, пред Охридска банка со 11 милиони евра и НЛБ Банка со 10,5 милиони евра.
Вкупните пласмани во граѓански кредити на Халк банка изнесуваат 287 милиони евра износ со кој турската банка се изедначи на третото место со Комерцијална банка.

Кај корпоративното кредитирање Халк банка во услови на пандемија од COVID 19 има иста пазарна позиција. Корпоративните кредити на крај на јуни годинава изнесуваат 335 милиони евра и се за само 0,5 милиони евра помалку од износот на крајот на ланската година. Пазарното учество во корпоративното кредитирање на Халк банка е 12 отсто.

Халк банка ја зацврстува довербата кај штедачите и компаниите клиенти

Вкупните депозити во Халк банка на 30 јуни годинава надминаа 600 милиони евра и достигнаа 603 милиони евра. Пазарното учество на Халк банка во вкупните депозити изнесува 9 отсто што е за 0,4 поени пораст во однос на претходното мерење на пазарното учество (на 31 декември лани н.з.). Растот на депозитите во Халк банка за шест месеци изнесува 35 милиони евра што претставува најголем процентуален раст во споредба со другите банки и изнесува 6,2 отсто и покрај тоа што Комерцијална банка и НЛБ Банка имаат поголеми растови на депозити во апсолутен износ. Депозитите на населението во растот учествуваат со 13,5 милиони евра, а компаниите со 21,5 милиони евра.

Ова е одличен резултат во услови кога кај дури шест деловни банки има одлив односно намалување на депозитните бази (состојба 30 јуни годинава во споредба со 31 декември лани н.з.).

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија