17 Мај, 2024
0.0281

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

Објавено во: Економија 02 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Јане Јаневски, син на познатиот бизнисмен Светозар Јаневски, станува претседател на Управниот одбор на „Аутомакедонија“, заземајќи го местото на Џон Кирил Јоновски, кој досега беше на таа позиција. Оваа промена е заведена во Централниот регистер за земјава.

Она, пак, за што претходно пишуваше Фактор, е дека Џон Илија Јоновски неодамна престана да биде член на Управниот одбор на уште една компанија под контрола на Светозар Јаневски, а таа е всушност „златната кокошка“ „Тиквеш“, која е една од најголемите и најуспешните винарски визби не само во земјава, туку и во регионот и пошироко.

Инаку, како што е заведено во Централниот регистер, нов претседател на Управниот одбор на компанијата која се занимава со трговија на моторни возила, како и трговија на мало со делови за моторни возила, ќе биде Јане Јаневски, кој се запишува, а како претседател на Управниот одбор се брише името на Џон Илија Јоновски од Австралија. 

Инаку, Јане Јаневски, заедно со другите две деца на Светозар Јаневски, односно Драгана Јаневска и Кирило Јаневски, поседуваат по 6,78 проценти од акциите на „Аутомакедонија“. 

Додека, пак, Иванка Мојсова, која е најголем поединечен акционер, располага со 22,48 проценти од акциите, а втор по големина акционер е Милан Ивановски, со 17,87 отсто од акциите.  

А, Фактор неодамна објави и дека двете деца на Светозар Јаневски, Драгана Јаневска и Јане Јаневски, стануваат директори во успешната компанија која ја создаде овој познат бизнисмен, винарската визба „Тиквеш“.

Па така, Драгана Јаневска, ќерка на Светозар, која е магистер по сајнс маркетинг, стана членка на Одборот на директори на АД „Тиквеш“ Кавадарци, а исто така член во Одборот на директори стана и Јане Јаневски, еден од двата сина на Светозар, кој е дипломиран економист, како што е наведено во Централниот регистер. Додека, пак, како што тогаш објавивме, член на Управниот одбор престанува да биде Џон Кирил Јоновски, со потекло од Австралија, кој своевремено имаше купено и одредена количина акции од оваа успешна компанија.

Мнозински и доминантен сопственик на ВВ Тиквеш Кавадарци е трговското друштво за инжинеринг и услуги во прометот М-6 ДОО Скопје, кое поседува 80,8 отсто проценти од Тиквеш. А, во М-6 ДОО, пак, доминантен сопственик е фирмата М-6 ЕДЕН ДОО, која поседува 92 отсто од М-6, додека преостанатите 8 отсто во М-6 ги поседува Милан Ивановски. Додека, пак, М-6 ЕДЕН ДОО има тројца сопственици и сите тие поседуваат по една третина, односно по 33,33 проценти од акциите, а тоа се децата на бизнисменот Светозар Јаневски, односно Драгана Јаневска, Кирило Јаневски, и Јане Јаневски, како и Светозар Јаневски, за кого е наведено дека на друг начин остварува контрола на правното лице.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА