30 Јуни, 2024
0.0247

Која битолска фирма тргнува во инвестициска офанзива вредна 2,5 милиони евра?

Објавено во: Економија 28 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Станува збор за кредити со кои битолска „Квасара“ ќе вложи во намалување на трошоци за струја, во зголемување на ефикасноста, продуктивноста и ефективноста на работењето, но и во набавка на земјиште за иден развој на компанијата

Единствената македонска компанија за производство на квасец и спирт (алкохол за медицински потреби) консолидира буџет за инвестиции во зголемување на продуктивноста, намалување на трошоците и модернизација на производството вреден 2,5 милиони евра.

На последното акционерско собрание одржано пред две седмици акционерите на битолската Фабрика за квасец одлучија да одобрат задолжување кај банките во вредност од 2,5 милиони евра – средства кои ќе бидат наменети за инвестициска офанзива на оваа компанија.

При инвестирањето приоритет се става на намалување на трошоците за електрична енергија преку вложување во фото-панели (системи за производство на струја од сончева енергија). Освен тоа компанијата ќе го реконструира својот склад за гориво, а ќе вложи и во постројка која произведува водена пареа од електрична енергија.

Битолската „Квасара“ со заем ќе го роботизира производствениот процес, процесната опрема како и машините за пакување на свеж и сув квасец.

Во инвестициската рамка што ја одобрија акционерите се мислело и на обезбедување пари за купување земјиште за развој во иднина, но и планирани се средства за истражување и развој.

Во одлуката на акционерите што е достапна на овој линк  е наведено дека со новоодобреното задолжување вкупната вредност на задолжувањето достигнува 7 милиони евра. А тоа е 76 отсто од имотот на компанијата (според податоците од годишната сметка за 2023 година н.з.).

Што ја прави посебна битолската Квасара?

Освен што е единствена што произведува квасец и спирт оваа компанија е една од ретките во земјава која и по 25 години од транзицијата од плански во пазарен систем уште на одреден начин се води како во време на самоуправувањето. Компанијата има над 240 акционери – домашни физички лица кои поседуваат 97,7 отсто од акциите со право на глас и нема ниту еден акционер кој поседува над 5 отсто од управувачките права. Компанијата има издадено 12.500 акции со право на глас. 

Повеќе детали за најновите финансиски параметри на битолската Фабрика за квасец може да најдете на следниот линк https://faktor.mk/kako-od-kvasecot-porasna-profit-na-edna-bitolska-fabrika---zagubata-od-777-iljadi-evra-se-pretvori-vo-profit-od-330-iljadi

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНИТЕ: Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра

ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНИТЕ: Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра

ГЕРМАНИЈА: За колку се зголемил бројот на невработени?

ГЕРМАНИЈА: За колку се зголемил бројот на невработени?

OД СЕПТЕМВРИ: Просечната пензија ќе ја надмине минималната плата

OД СЕПТЕМВРИ: Просечната пензија ќе ја надмине минималната плата

Се бараат сезонски работници од Грција до Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори

Се бараат сезонски работници од Грција до Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња

Избран нов директор на Царина: Еве каков имот пријавил Бобан Николовски

Избран нов директор на Царина: Еве каков имот пријавил Бобан Николовски

И ПО САЊА ЛУКАРЕВСКА, ЖЕНА ЌЕ РАКОВОДИ СО УЈП: Еве која дама седнува на директорската фотелја во таа инситуција

И ПО САЊА ЛУКАРЕВСКА, ЖЕНА ЌЕ РАКОВОДИ СО УЈП: Еве која дама седнува на директорската фотелја во таа инситуција

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?