КАКО ОД КВАСЕЦОТ ПОРАСНА ПРОФИТ НА ЕДНА БИТОЛСКА ФАБРИКА - загубата од 777 илјади евра се претвори во нето добивка од 330 илјади
Објавено во: Економија 26 Март, 2024 08:20
Како од загуба се постигнува одлична добивка. Одговорот го има една битолска фабрика која произведува квасец, а тој гласи – инвестиции.
Ако претходната 2022 година оваа компанија ја завршила со негативен финансиски резултат од дури 777 илјади евра, што пак се случувало втора година по ред, веќе во 2023 година тој влегува во зоната на позитивата.
Или, Битолска квасара ланската година ја затворила со сосема солидна нето добивка од одлични 330 илјади евра.
Компанијата ги објави преку Берзата своите финансиски извештаи, а Билансот на успех говори дека нејзините приходи се значајно зголемени во 2023 година, во однос на една година претходно.
Или, од продажбата на квасец и медицински алкохол оваа битолска фабрика остварила приливи од дури 11,4 милиони евра, наспроти 8,7 милиони евра во претходната година.
Останатите оперативни приходи се на речиси исто ниво како претходната година и се многу пониски, или се на ниво од 200 илјади евра.
Зголемени се и расходите, па за потрошените материјали и ситен инвентар се исплатени близу 6 милиони евра.
Пораст има и кај трошоците за вработените, и лани тие изнесувале 1,2 милиони евра.
На име останати оперативни расходи се направени 3,2 милиони евра, но тие се намалени во однос на претходната година.
Сето тоа довело до оперативна добивка од 734 илјади евра.
Но, како резултат на значајно повисоките финансиски расходи од 338 илјади евра, и во однос на финансиските приходи, но и во однос на претходната година, а и после платениот данок на добивка, конечниот нето профит доаѓа до ниво од 330 илјади евра.
А, како што веќе има пишувано Фактор, компанијата во 2022 година работеше со загуба и тоа втора година по ред. Ова се случи и покрај тоа што во 2022 година таа ја зголеми продажбата за 40 отсто и успеа да инкасира 8,7 милиони евра, и тоа во најголем дел од продажбата на пекарскиот квасец. Но, загубата се случи поради драстичното зголемување на останатите оперативни расходи, и тоа за 1,5 милиони евра, достигнувајќи 3,6 милиони евра. Раст во 2022 година забележаа и средствата потрошени за набавка на материјал и ситен инвентар за речиси 600.000 евра и тие беа најголема расходна ставка, достигнувајќи 4 милиони евра.
Компанијата во 2022 година објави дека ќе вложи до 3 милиони евра во подобрување на енергетската ефикасност преку инсталација на фотоволтаици за производство на струја, во реконструкција на склад за гориво, котли за биомаса и за мазут, со што би се овозможило производство на струја со турбини на водена пареа.
А, ако се погледне Билансот на состојба за 2023 година, се гледа дека пораснала нејзината вкупна актива, а благ пораст има и кај долгорочните и тековните обврски на Битолската квасара.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




