18 Мај, 2024
0.0312

Милион евра отштета - Семејство на загинат од Љуботен го тужи Тарчуловски

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

За денеска е закажано ново рочиште во Основниот суд Скопје 2 на кое треба да се расправа за надомест на материјална и нематеријална штета од милион евра, по барање на семејство на загинат во скопското село Љуботен во 2001 година.

Според поднесокот, станува збор за загинатиот Рами Јусуфов, сопруг и татко на четири деца, како и син на тужителите Елмаз и Зенеп Јусуфови. Предметот е проширен и за пратеникот Јохан Тарчуловски кој се наоѓа во притвор. Имено, Тарчуловски не се појави во судот на претходното рочиште.

Тужителите со посебен поднесок побараа тужбата која е веќе адресирана до МВР да биде проширена и за Тарчуловски, зашто со пресуда на Судот во Хаг, тој беше осуден за воени злосторства врз цивилно население.

Тарчуловски во затворот во Шевенинген беше спроведен на 16 март 2005 година по барање на Хашкиот трибунал.

Судот во 2008 година го ослободи поранешниот министер Љубе Бошкоски од обвиненијата за извршени злосторства во скопското село Љуботен, додека, пак, Јохан Тарчуловски беше осуден на казна затвор во траење од 12 години.


Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање