Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Објавено во: Македонија 18 Мај, 2024 10:56
Обвинувања на адреса на правното лице Дизниленд Реквизити утринава стигнаа од град Скопје.
Преку соопштение и приложено видео се посочува дека фирма од Чаир, регистрирана пред само еден месец без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред Борис Трајковски.
Од Град Скопје потенцираат дека и покрај извршениот надзор, преземени мерки и казни, правното лице наислно продолжува да работи.
Од таму ги повикаа надлежните институции за најбрза можна реакција, бидејќи како што потенцираат се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие.
Чие име се крие зад „Дизниленд Реквизити“?
Како што може да се забележи, погоре посочената фирма е регистрирана на 4 април 2024 или пред повеќе од еден месец.
Како основач и сопственик стои името на наводен Никола Митевски.
Според навееното, правното лице не е даночен должник и против него нема судски постапки.
Можеби ќе ве интересира
ОСМАНИ СЕРИОЗНО ЗАГРИЖЕН: „Раскол во срцето на мултиетничката, европска Македонија“

ВЕЌЕ НЕ Е МИНИСТЕР, ПА МОЖЕ ДА ШЕТА: Таравари замина кај Рама

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ УЧИ ЗА ПОП: Условите за упис во средно бараат благослов од надлежен архиереј и уверение од парохискиот свештеник дека кандидатот е подобен за свештенички чин

ЦАРИНИЦИТЕ СО „БОГАТА“ ЗАПЛЕНА: откриени евра, цигари, детски играчки, уметнички слики

АКЦИЈА „БУНКЕР“, ОЈОГОКК ОБЕЗБЕДИЛО ДОКАЗИ ПРОТИВ КРИМИНАЛНАТА ГРУПА БЕЛАНОЦА-БАРОН: Од утринава се претресуваат пет локации во Скопје

НЕМА ВЕЌЕ ЧЕКАЊЕ СО СААТИ НА ЕВЗОНИ: Грција итно надградуваат, ќе се забрза преминувањето на границата

„ДОГОВОРОТ СО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО ДОАЃА КАКО УТЕШНА НАГРАДА“: Величковски за договорот за партнерство

„РЕШИВ ДА НЕ ЛЕГИТИМИРАН ЦИРКУС“: Фетаи вели остануваат во Влада
