27 Април, 2024
0.0273

PALMA MALL - ПОГОЛЕМ ИЗБОР ЗА ПОТРОШУВАЧИТЕ И ПОГОЛЕМИ МОЖНОСТИ ЗА ТЕТОВСКИОТ РЕГИОН

Објавено во: Мои пари 02 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Најголемиот трговски центар во Западна Македонија, Palma Mall, кој се наоѓа пред самиот влез на Тетово, наскоро ќе стане уште поголем.Со отворањето на Palma Mall граѓаните добија поквалитетен живот и голема промена во нивното секојдневие. Добија место каде што можат да се прошетаат, да се рекреираат, да одат на шопинг и едноставно да ги искористат деновите квалитетно.


Palma Mall започна како мал бизнис-центар, а со напорна работа и труд во 2014 година прерасна во најголем трговски центар во Западна Македонија.Распространет на 32.000 м2, тој е втор по големина трговски центар во Македонија. Граден по светски стандарди, овој урбан и модерен објект располага со огромен број светски познати брендови, како и голем број домашни компании, со што купувачите имаат избор од различни продукти за секој сегмент од секојдневието. Palma Mall има над петстотини вработени кои се во редовен работен однос, а целта е во иднина бројот да биде многу поголем. Со текот на годините, сѐ повеќе се зголемува популарноста на трговскиот центар, а воедно и заинтересираноста на потрошувачите.


Palma Mall во моментов повторно се проширува поради големиот интерес од странски фирми и компании, меѓу кои големи и средни корпорациски фирми. Palma Mall веќе има склучено преддоговори со неколку големи странски популарни брендови. Некои од нив за првпат ќе бидат отворени токму во Palma Mall, а наскоро ќе бидат и јавно објавени.

Инвестициите повторно се прават преку добро позиционирани македонски компании специјализирани во областа на градежништвото.



Трговскиот центар се шири брзо и интензивно. Сите што сакаат да го посетат најголемиот трговски центар во Западна Македонија, наскоро ќе имаат можност да го  видат поголем и поуспешен од кога било, со поголем истандардизиран паркинг-простор, уреден парк ипростор за рекреација. Од отворањето, па сѐ до денес Palma Mall се труди да ги исполни сите очекувања на клиентите и на закупците кои го одбрале овој трговски центар за своите компании. За долгогодишното постоење на трговскиот центар и неговото постојано усовршување придонесуваат и соработките со NEW WAY - агенцијаза управување со недвижности, Apriori Communications - агенција за маркетинг и односи со јавноста и архитектонската куќа DSC Design.


Упорноста е вистинскиот пат до успехот и сигурни сме дека оваа успешна приказна нема да застане тука и ќе се стреми кон поголемо зголемување на просторот, работата, интересот и задоволството на купувачите.


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг