02 Мај, 2024
0.0263

ПРИНОСИ ВРЕДНИ ЗА ПОЧИТ ВО ПАНДЕМИЈА: Анализа за кондицијата и перформансите на пензиските друштва

Објавено во: Финансии 25 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Над 1,7 милијарди евра, пари на осигурениците се чуваат во задолжителните пензиски фондови. Тие собираат средства во вториот пензиски столб во државата, а она што ја одбележа минататa година е што фондовитеуспеаја да прикажат рекордни приноси на вложените пари. Имено едно од трите друштва кои располагаат со парите на идните пензионери оствари принос во номинален износ од над 10 отсто на годишно ниво. Фактор направи анализа за остварените резултати на приватните фондови за 2021 година која покажа дека овие друштва имаат одлични перформанси и во услови на пандемија, а најдобар „скор“ има КБ Прв отворен задолжителен фонд. Во време кога каматите на депозитите во банките се речиси нула тие успеале да остварат повеќе од солидни заработки на парите на осигурениците.

ДВОЦИФРЕНИ ПРИНОСИ

Три друштва располагаат со средствата на работниците, идни пензионери, а КБ Прв отворен задолжителен фонд има најдобар резултат и минатата година со годишен принос од 10,85 отсто, во номинален износ. Просечниот принос за лани за трите друштва е 9,28 отсто. Сава пензиски фонд има принос од 9,53 отсто, додека Триглав отворен задолжителен фонд остварил принос на средствата од 8,32 проценти. Трите друштва на крајот на декември минатата годинауправувале со средства од вкупно 550.477 членови. Најголемиот број од членовите се распределни во КБ прв отворен фонд каде членуваат 269.153 осигуреници, додека во Триглав отворен задолжителен фонд се најмалку или 30.083, секако поради фактот што ова друштво е најново на пазарот.

Друштвата ги оплодуваат парите инвестирајќи ги мудро во хартии од вредност. Нивните вложувачки стратегии сега, се важни за висината на пензиите на осигурениците во иднина, односно кога секој работник ќе ги исполни условите за пензионирање. Колку е поголем приносот толку ќе бидат поголеми и месечните ануитети кои ќе се исплатуваат како пензија за секој иден пензионер. Познавачите велат дека е исклучително важно што домашните фондови покажуваат стабилност, отпорност на финансиски кризи и на пад на економијата. Ако се разгледува портфолиото на вложувањата, секако најголем дел од парите се инвестирани во обврзници на домашни издавачи, но незанемарлив е делот кој е инвестиран во акции од домашни но и странски компании кои секако носат поголем принос односно заработка на парите на идните пензионери. Вториот столб е задолжителен, а средствата со кои располагаат овие фондови се од месечните уплати за пензиско осигурување на вработените во државата.

Ако во 2021 година успеале да оставарат и двоцифрен принос, колку вредат парите на осигурениците покажува и вредноста на сметководствената единица. На почетокот на реформата изнесуваше 100 денари, сега, на крајот на минатата година е над 240 денари – или 100-те денари тогаш, вредат речиси 242 денари во Сава Пензиски фонд, а 252 денари во КБ Прв творен задолжителен пензиски фонд.

КАКО ОДРАБОТЕА ДОБРОВОЛНИТЕ ПЕНЗИСКИ ДРУШТВА

Солидни резултати бележат друштвата и во третиот доброволен пензиски столб во државата. Тие на крајот на минатата година располагаат со 46,7 милиони евра. Можноста доброволно да штедат ја користат 27.772 лица. Парите кои се уплатуваат исто така се оплодуваат со инвестирање, а лани приносите на годишно ниво се номинално двоцифрени и кај двете друштва кои управуваат со уплатите на граѓаните. Имено Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус оствариле принос од 10,22 отсто на годишно ниво, додека приносот на - КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд е уште поголем или 10,48 отсто. Двете друштва имаат во просек принос од 10,2 отсто номинално.

Вредноста на сметководствената единица на Сава пензија плус е 210 денари, додека на КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд е речиси 208 денари.

Доброволното пензиско штедење има низа предности и оваа опција за македонските граѓани дополнително има простор за раст. Граѓаните може да уплатуваат на своите доброволни пензиски сметки или некое друго физичко или правно лице да уплатува за нив. Парите можат да се повлечат најрано десет години пред навршувањето на возраста за пензионирање која е законски определана односно на 54 години за мажи и на 52 за жени. Друштвата ги оплодуваат парите со инвестиции на што годината што помина остварија принос вреден за почит.

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот