30 Април, 2024
1.1331

Зошто расте цената на акцијата од „Макстил“?

Објавено во: Економија 26 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Македонската челичарница за првите шест месеци има раст на приход од продажба за 45 отсто односно 12,9 милиони евра, но профитот е само 0,06 отсто од продажбата. За шест месеци компанијата платила камати од 900.000 евра. Секој што сака да инвестира во таа акција треба да знае дека „Макстил“ има акумулирана загуба од над 50 милиони евра, нејзините тековни обврски надминуваат 67 милиони евра, а повеќе од половина се краткорочни кредити.

Македонската челичарница „Макстил“ во првите шест месеци годинава го зголемила приходот од продажба за 45 отсто во споредба со истиот период лани до износ од 2,58 милијарди денари односно 41,8 милиони евра. При тоа компанијата остварила добивка од 1,6 милиони денари односно 26.000 евра. Профитот за полугодието е 0,06 отсто од приходите од продажба! Во овој период од почетокот на годинава до 30 јуни „Макстил“ ги намалил своите залихи за 315 милиони денари до износ од 507,6 милиони денари, а целото свое производство го пласирал во извоз. При раст на извозот од 46 отсто, „Макстил“ има раст на оперативните трошоци за 9 отсто. Односно во бројки: продажбата пораснала за 796 милиони денари, а трошоците пораснале за 188,7 милиони денари и при тоа вредноста на залихите се намалила за 315 милиони денари. Во вакви услови на работење, кога оперативните трошоци на „Макстил“ пораснале за 9 отсто односно за 188 милиони денари, компанијата има финансиски расходи, кои веројатно се камати за кредити, во износ што надминува 900.000 евра!

Што се случи со акцијата на „Макстил“?

Во период од три месеци акцијата на „Макстил“ која се тргува на Официјалниот пазар на берзата ја удвои својата цена и надмина вредност од 150 денари. Во овој период порасна и количеството на тргувани акции. Најинтензивен растот на цената на таа акција беше од почетокот на месецов па досега. Од почетокот на месецов односно од 3 јули кога беше просечната цена 103 денари за акција, до  25 јули таа порасна за 47 денари , што е речиси раст од 50 отсто. Ова е раст во услови кога се промени власта во македонскиот политички блок и десетгодишна опозиција стана главна позициска сила која ветува влез во НАТО пактот и решение за спорот со уставното име наметнат од Република Грција. Веројатно очекувањата на некои инвеститори се дека цените акциите ќе растат и дека е време да се фати приклучок за да се оствари солиден профит. Токму во таква политичка констелација и при услови во кои со релативно малку пари може да се купат значајни количества акции во „Макстил“ започна да расте цената на акцијата која од почетокот на мај до крајот на јуни порасна од 75 на 100 денари, а од почетокот јули досега порасна за уште речиси 50 отсто односно до и над 150 денари за акција.

Што треба да имаат на ум инвеститорите кои сакаат да вложат во акции на „Макстил“

Еве неколку важни факти кои можат да ги земат во предвид инвеститорите кои размислуваат да вложат во акцијата на „Макстил“:

1.Сегашната пазарна цена е речиси 100 отсто повисока од книговодствената вредност на таа акција;

2.„Макстил“ не делел дивиденда во последните три години;

3.„Макстил“ има акумулирана загуба што надминува 50 милиони евра;

4. „Макстил“ за 6 месеци платил за камати на кредитите 900.000 евра;

5.„Макстил“ на банките должи 42 милиони евра;

6. Тековните обврски на „Макстил“ надминуваат 67 милиони евра ;

7.Нето добивката на „Макстил“ на полугодие е 0,06 отсто од неговиот приход од продажба;

8.Побарувањата на „Макстил“ се 14,5 отсто од вредноста на неговите обврски;

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи