05 Мај, 2024
0.0252

Зошто РКЕ го смени правилото и наместо најниска цена на гас признаваше цена добиена на тендер?

Објавено во: Економија 08 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енегетика (РКЕ) со промена на правилото за признавање на цената на гасот во 2016 година му овозможила на БЕГ да наплати 1,44 милиони евра повеќе од своите потрошувачи. Со измените на правилата на игра, БЕГ набавил гас на тендер по цена што е за 9 отсто повисока од цената по која гасот го набавила „Скопје Север“, се вели во експертската анализа чија веродостојност на податоците ја потврдуваат и од Топлификација

РКЕ лани во јуни го смени Правилникот за цени на топлинска енергија и системски услуги и започна да ја признава цената на природен гас што на тендер ја добил регулираниот производител. Пред промената РКЕ признаваше цена на гориво што е пониска или е еднаква на најниската месечна увозна цена на слободниот пазар на трговци или снабдувачи со природен гас  во земјава.

По промената на Правилникот, РКЕ ја призна цената на БЕГ Производство кој на тендер за набавка на повеќе од 44 милиони кубни метри природен гас платил цена од 23,51 денар. Таа цена е за 9 отсто повисока од цената што на тендер ја постигнал помалиот регулиран производител на топлина „Скопје Север“. Имено „Скопје Север“ постигнал цена на тендер од 21,55 денари за кубен метар природен гас и тоа за набавка на количество што е 40 пати помало од количеството што го набавил БЕГ Производство, се презентира во експертската анализа.  „Скопје Север“ за набавка на 1,1 милион кубни метри гас платил 21,55 денари за кубен метар природен гас, а БЕГ Производство за 44,4 милиони кубни метри природен гас платил по 23,51 денар за кубен метар. Ако не го сменела РКЕ правилото за признавање на цената скопјани ќе заштеделе 88,8 милиони денари односно повеќе од 1,44 милиони евра, потврдуваат од Топлификација

Без да коментираме ќе потенцираме дека регулираниот производител на БЕГ е еден од најголемите потрошувачи на природен гас во земјава и како таков по економска логика треба да има најниска цена за набавка на природен гас.

Како се менувале Правилниците за цената на гас што ја признава РКЕ?

Првиот Правилник што ја регулира цената на гасот што ја признава РКЕ стапува на сила на 23 февруари 2013 година. Во него во член 14 пишува цитираме: „РКЕ не признава повисока вредност на цената на горивото од вредноста, која во време на набавката на гориво, била одобрена од страна на РКЕ.

По неговата измена од 27 февруари 2015 година правилото гласи: РКЕ признава цена на гориво која е пониска или еднаква на најниската месечна увозна цена на слободен пазар на трговците или снабдувачите со природен гас/мазут во Р.Македонија.

Последната измена на овој Правилник е од лани во јуни и се прави непосредно пред контролата на 2015 година и определување на цената на топлинска енергија за периодот август 2016 – јули 2017 година. Во таа измена на членот 14 пишува: Во признавањето на трошоците за гориво РКЕ ќе ги земе во предвид цените за набавка на гориво од тендерска постапка  која регулираниот производител е должен да ја спроведе и просечната продажна месечна цена на природниот гас на трговци со природен гас на слободниот пазар во Р.Македонија.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?