28 Септември, 2024
0.0134

1-ви март – ден за одлука на ВМРО ДПМНЕ

Објавено во: 04 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

На 1-ви март владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи партиска конвенција на која ќе го избира кандидатот за претседател на државата. Партијата деновиве ќе распише оглас на кој ќе се прибираат кандидатури за конвенцијата, изјави Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. Одлуката за партиска конвенција паднала синоќа на состанокот на Извршниот Комитет на партијата. „Овој начин на избор на кандидатот за Претседател на Република Македонија е високо демокртаски, транспарентен и отворен процес. Ова е висок стандард во политиката за кој се надеваме дека ќе биде применлив и од страна на останатите политички партии“, вели Димовски. Право да приложат своја кандидатура имаат сите граѓани на Македонија кои ги исполнуваат уставните услови за извршување на функцијата Претседател на Република Македонија, кои се членови на ВМРО-ДПМНЕ или се поддржувачи на политиките на партијата и се наоѓаат себе си во ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за државните и националните прашања.