СРПСКИ МЕДИУМИ: ДО ГРЦИЈА СЕГА ЌЕ СЕ СТИГНУВА МНОГУ ПОБРЗО - на граничниот премин Дојран отворени две нови ленти, зголемен е протокот на патници
Објавено во: Економија 24 Април, 2025 13:14
Граничниот премин Дојран веќе неколку дена работи со два нови контролни пункта и две новоотворени ленти, со што значително се подобрува протокот на патници и возила на тој граничен премин, пишува српски Курир.
Новите капацитети овозможуваат побрзо и поефикасно минување, особено во време на зголемен сообраќај, соопштено е на платформата „Пат кон Грција“.
Ова е добра вест за сите кои планираат одмор во Грција, бидејќи може да ги намали редовните гужви на границата, особено за туристите од Србија кои во последно време се повеќе го користат овој граничен премин.
Потсетуваме дека промени се најавени и на уште еден граничен премин.
Имено, полесно ќе се мине и преку граничниот премин на Евзони. Првата причина е што Грците отворија рампи кон Бугарија и може да се помине без застанување, а втората е што официјална Атина планира да го прошири овој граничен премин.
Курир за своите српски читатели нуди три опции за пристигнување во Дојран, а тие се следниве.
Исклучете се кај Демирскапија и потоа тргнете по стариот пат преку Удово и Валандово за да стигнете до Дојран. Должината на овој пат е 61 км, возењето трае еден час, а патот е одличен.
Одете по новиот автопат до Смоквица, каде што се исклучувате, а потоа возете низ селото Марвинци до Валандово и Дојран. Должината на оваа делница е 65 километри, возењето трае 55 минути, а патот е одличен.
Одете по новиот автопат за Гевгелија, каде се исклучувате и возите преку Богданци до Дојран. Должината на патот е 74 километри, ви треба околу еден час, но патот е во полоша состојба, па затоа ви препорачуваме да ја користите првата или втората опција.
Доколку се одморите на пат кон Грција, Дојран може да биде одлично место за такво нешто, пишува Nikana.gr. Се наоѓа на брегот на Дојранското Езеро, едно од трите големи езера во Северна Македонија, и е популарно во текот на летната сезона.
Бизнис Курир/Б92
Можеби ќе ве интересира
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети




