10 Мај, 2024
0.0350

10 најлуди даноци

Објавено во: Мои пари 04 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Ако мислевте дека Македонија е земја на апсурдите нема да ви противречеме - во право сте! Но кога станува збор за даноци, имало и многу полуди држави од нашата со многу полуди закони за данок. Еве ги најлудите: Данок за пуштање вода во WC школките Во амерканската држава Мериленд во 2004 година е донесен закон за данок за пуштање на вода во WC школките. Овој закон е донесен поради еколошката потреба за заштита на екосистемот. Корисниците за канализација плаќаат по 2.50 долари месечно, додека корисниците на канализациски услуги плаќаат 30 долари на годишно ниво. Сакаш да сереш? Можеш, ама плати! Данок на душата Царот на Русија, Петар Велики, во 1718 година вовел закон за данок на душата. Иако бил атеист и не верувал во Бог, оданочувањето на душата му се чинело како логичен извор на солиден приход за царската каса. На тоа додал и данок за брада, однесување, чизми, шешири.. Данок на магија Неодамна владата на Романија одлучила да застане на патот на вештерството, магијата и другите магии воведувајќи данок на сето ова. Со тоа, вештерка станало професија, а за плаќање на данок вештерките мораат да издвојат 16% од нивната заработка и да уплаќаат за пензиско и здравствено осигурување. Што работиш? - Вештерка. Данок на верата Католичката црква во Германија, Австрија и Швајцарија последните децении губи голем број на верници благодарејќи на данокот за верата, односно за услугите во Католичката црква. Во случај да не платите данок, санкцијата е екскомуникација. Данок на тетоважите Во Арканзас од 2005 година сите кои сакаат да го украсат телото можат тоа да го направат но ако претходно издвојат 6% од цената на тетоважата за данок. Данок на дрога Во Тенеси од 2005 до 2009 година, воведувањето на данок на дрога дошло заедно со легализација на истата. Имено, дилерите на дрога морале да плаќаат данок за дрогата која ја продавале и тоа 3.5 долари за марихуана, 50 долари за кокаин и 200 долари за мет. Постоела и марка за даночни обврзници, а државата благодарејќи на овој данок во една година собрала 1.8 милион долари. Данок на ѓеврек Минатата година њујоршките пекари започнаат да применуваат данок за ѓеврек. За што всушност станува збор? Кога ќе купите ѓеврек и кога ќе го однесете дома за да го јадете, вие сте ослободени од данокот. Но, ако одлучите да го изедете во пекара, пекарата е должна да ве оданочи за 6 до 9% од основната цена на ѓеврекот. Данок на урината "Парите не смрдат" е изрека која ја патентирал римскиот император Нерон, кој вовел необичен данок на урина. Како што претпоставувате, тогаш некои работи биле различни, па така, урината се собирала од јавните градски купатила и се продавала поради високата концентрација на амонијак. Сосема логично, Нерон вовел данок на мокрачата. Данок на секс Во Холандија, каде што многу работи се легализирани и дозволени, проституките исто така мораат да плаќаат данок. Работа си е работа, и владата си бара дел.

Можеби ќе ве интересира

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје