27 Април, 2024
0.0241

10 производи кои се здрави за вашиот мозок

Објавено во: Стил 30 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Храната има клучна улога за да имате здрав живот. Но, некои производи се особено важни за работата на вашиот мозок. Еве кои производи имаат супер моќи за мозокот и ја оптимизираат неговата работа. 1. Риба 1358676304industrija-hrana-riba4 Рибата има есенцијални омега-3 киселини кои се значајни за регулирање на функциите на мозокот. Овие киселини ја подобруваат комуникацијата помеѓу мозочните клетки. 2. Чили images Во 100 грама чили се содржат 144 милиграми витамин  Ц, што е многу повеќе за разлика од други овошја и зеленчуци. Лутото го спречува оштетувањето на мозокот од од оксидативен стрес, со справување и елиминирање на слободните радикали. 3. Семки од тиква tikva-semki-0301 Семките од тиква се центри на моќ од цинк кои ја зголемуваат меморијата. цинкот игра голема улога во целокупното здравје на мозокот. А неколку семки од тиква на ден спречува оштетувања на мозокот. 4. Брокула brokula_0 Брокулата е супер храна за вашиот мозок. Таа е збогатена со витамин Ц, К и холин. Овие витамини се важни за одржување на здрави невротрансмитери, ви ја зголемува меморијата и ги одложува деменциите поврзани со стареењето. 5. Апетисани apetisani-2ta12mimeymbkuoj0lzfuo   Ореви, бадеми, кикирики, лешници и слично се добри масти кои помагаат во зајакнување на мозокот. Тие се полни со омега-3 масни киселини, омега-6 масни киселини, фолна киселина, витамин Е и витамин Б6.  Овие плодови помагаат во одложување на губењето меморија на старост и обезбедува подобра циркулација. 6. Домати Fresh tomatoes and a glass full of tomato juice. Доматите се богати со антиоксидансот ликопен. Тој се бори против слободните радикали и ги елиминира од човечкото тело, со тоа спречува оштетувања на мозокот, поради оксидација 7. Какао 59029_kakao01-afp-dominique-faget_f Какаото и темниото чоколадо се добри за вашиот мозок. Студиите покажуваат дека кафеавите зрна го спречуваат когнитивниот пад и појавата на деменцијата 8. Боровинки borovinki Боровинките се богати со витамини и антиоксиданти кои го зајакнуваат мозокот. Овие плодови ја зголемува мемориската моќ, а нивните антиоксиданти го намалуваат оксидативниот стрес кој влијае на мозокот. 9. Семето лен leneno-seme Ленот е богат со омега 3 масни киселини кои помагаат во производство и заштита на невроните. Редовната употреба на 1-2 лажички од ова семе на ден е од корист за подобрување на целокупното здравје на мозокот. 10. Јајца jajca Јајцата се богати со холин кој игра значајна улога во одржувањето на здрав мозок. Тие овозможуваат добра комуникација помеѓу невроните. Особено здрава е белката од јајцата.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти