05 Мај, 2024
0.1340

100 илјади земале повисока минимална плата, државната помош никој не ја користи

Објавено во: Економија 08 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Законски обврзани, компаниите ја зголемија минималната плата на 12 000 денари, но најновите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека само мал брoј на фирми ја искористил државната помош конкретно наменета за зголемување на минималецот. Според податоците, во земјава 100 000 вработени добиле зголемување на 12 000 денари, но само за 13 200 е дадена буџетска помош. Мерката за диркетна подршка за реалниот сектор почна да важи од септември. 

Државната помош неискористена – ќе пропаднат ли парите?

Голем дел од буџетските средства кои со ребаланс на Буџетот за годинава беа наменети за директна држана подршка за зголемување на минималната плата на 12 000 денари во стопанството  остануваат неискористени. Оваа информација ја потврдуваат и од Министерството за финансии и од реалниот сектор.

“Во однос на финансиската помош за фирмите, ние очекувавме дека ќе имаме околу 70 000 барања за финансиска помош во однос на минималната плата и тоа беше некоја наша проценка. Податоците досега покажуваат дека во септември и во октомври имало околу 17 000 барања за финансиска помош. Од нив околу 3 800 не ги исполниле условите што значи дека исполнети услови за државна помош за минимална плата имало за 13 200 вработени и ова е многу помалку од она што ние го очекувавме“ – вели советникот во Министерството за финансии Бранимир Јовановиќ.

Според објаснувањето од ресорното министерство , постојат неколку причини за слабата искористеност на државната помош,. Една од нив е дека дека можеби  им е потребно повеќе време на компаниите  да се подготват за аплицирање за државна помош. И од бизнис секторот потврдуваат дека буџетските пари, кои беа проектирани и на 1,5 милиони евра месечно, не се искористени на задоволително ниво.

“Финансиската кондиција на фирмите не е баш нај добра и ова, помеѓу останатото, се гледа и по зголемувањето на ризичните пласмани кај банките. Долгорочната политичка криза си го направи своето. Влијанието на зголемувањето на минималната плата треба да се анализира и веднаш да се превземат некои мерки. Очигледно планираната финансиска помош, за која се издвоија средства со ребалансот на буџетот, нема да се реализира. Затоа е недозволиво средствата да останат не искористени а фирмите да имаат големи проблеми и да отпуштаат работници. Се надевам дека за ова се свесни и во Владата и очекувам веќе во наредната недела заеднички да изнајдеме некое решение“ - изјави во интервју за “Фактор“ Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи.

Дел од работодавачите сметаат  дека слабиот интрес за буџетските пари се објаснува со ниската сума што би ја добиле фирмите како помош за зголемување на минималецот, , па оттука се дестимулирани да аплациираат. Дополнително, според објаснувањата,  се случиле и некои недоследности при пресметка на плаќањето по час за месеците јануар, февруар и март, пришто настанале сметководствени проблеми.

Според информации на “Фактор“ дел од бизнис заедницата подготвува предлог мерки за да се најде начин за искористување на неискористените буџетски пари. Се размислува да се понуди решение со кое средствата би биле линерно поделени на компаниите кои веќе го зголемија минималецот, со што треба да обезбеди правичност  а средствата повторно да завршат за зголемување на плати. Предлозите за искористување на буџетските пари сеуште се прецизираат. Законски обврзани, компаниите веќе од септември ја зголемија минималната плата.

“Очекувањата беа дека со владините мерки ќе се зголеми минималната плата за 130 000 луѓе бидејќи проценките без дека во Македонија има 130 000 луѓе што земаат плата под 12 000 денари. Според последните најнови информации што ги добив од Управата за јавни приходи, заклучно со септември податоците се прилично охрабрувачки. Бројот на вработени со полно работно време кои во август примиле плата помала од 12 000 денари изнесувал 100 000. Во септември бројот на тие луѓе изнесувал 10 000, што значи дека 90 000 луѓе земала повисока плата од 12 000 денари односно 90% што земале пониска плата од минималната , сега земале повисока плата. Сега треба да се види зошто оние 10 отсто сеуште земаат пониска плата од минималецот.

Според законското решение, од септември оваа година до февруари наредната за платите кои изнесувале 10.000 денари финансиската помош е 2.000 денари, за оние до 10.500 денари помошта е 1.500 денари, за платите до 11.000 денари се доплатуваат 1.000 денари, за тие до 11.500 денари доплатата е 500 денари. Од март наредната година државата ќе им дава на работодавците по половина од тие суми, а последна субвенционирана плата ќе биде таа за август 2018 година.

За директна помош поврзана со минималната плата, со ребалансот беa планирани околу шест милиони евра. 

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?