11 Декември, 2025
0.0494

Интел го претстави новиот копроцесор Intel® Xeon Phi™

Објавено во: Свет 14 Ноември, 2012 14:29

Добивај вести на Viber

Создавајќи нова ера на процесирање со висок перформанс, копрпорацијата Интел го претстави новиот копроцесор Intel® Xeon Phi™, кој претставува кулминација на сите години поминати во истражување и соработка со цел да се воведе неспоредлив перформанс за иновативни откритија и пробиви во производството, природните науки, енергетиката и други области. Способноста за брзо процесирање, симулирање и донесување доследни одлуки го поттикна развојот на процесирањето со висок перформанс (HPC) и аналитиката. Ова е инспирирано од глобалните деловни и истражувачки приоритети за попрецизно да се предвидат временските услови, да се создадат поефикасни енергетски ресурси и да се пронајдат лекови за болести како едни од поитните прашања. Со неспоредливиот перформанс по ват и други карактеристики на новиот Intel Xeon Phi копроцесор, индустријата ќе има уште поголема доверливост во изнаоѓањето на точни одговори и ќе помогне да се прошири процесирањето со висок перформанс и надвор од лабораториите и универзитетите и ќе достигне максимална продуктивност. „ Intel Xeon Phi копроцесорот претставува достигнување во иновациите на Интел што ќе не издигне во нови височини во областа на истражување и откритија и само ја потврдува нашата посветеност на екса-ниво на процесирање,“ изјави Дајен Брајант, потпретседател и генерален менаџер на групацијата за бази на податоци и поврзани системи на Инте. „Комбинирањето на Intel Xeon процесорите со Intel Xeon Phi копроцесорите ќе го промени опсегот и нивото кое може да го достигнат високо паралелните апликации со испорачување на досега незабележан перформанс, ефикасност и можност за програмирање. Со овие технологии како нова основа за процесирање со висок перформанс, се справуваме со реални предизвици како точно предвидување на временските услови 21 ден однапред до развој на нови лекови за болести.“ Заснован на повеќејадрена архитектура (Intel® Many Integrated Core (Intel® MIC)), Intel Xeon Phi копроцесорите ќе го надополнат семејството производи Intel® Xeon® E5-2600/4600. Производите Intel Xeon E5 процесираат со висок перформанс и се дел од голем број Топ 500 системи (1 квадрилион операции со реални броеви во секунда). Сега кога Intel Xeon Phi производите преземаат поголем дел од „високо паралелното“ процесирање за да им помогнат на суперкомпјутерите да дојдат до одговори за голем број научни и технички дисциплини како што се генетичко истражување, нафта, гас и климатско моделирање, Интел верува дека оваа моќна комбинација ќе отвори пат кон ексаниво на процесирање што може да значи илјадакратно зголемување на способностите за процесирање над „петаниво“.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи

(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени

(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени

Трамп за Европа: Мислам дека се слаби

Трамп за Европа: Мислам дека се слаби

Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?

Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?

Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?

Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?