07 Јануари, 2025
0.0250

11 ОКТОМВРИ-Ден на народното востание против фашизмот и борбата за ослободување на македонскиот народ

Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Република Македонија денеска одбележува 75 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна.

На 11 Октомври 1941 борците од Првиот прилепски партизански одред го нападнаа бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, што го означи почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за  ослободување на земјата. Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција Македонија застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.

Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии.

За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети. Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

Можеби ќе ве интересира

БОЖИЌНА ПОРАКА НА Г.Г. СТЕФАН: Еве што вели поглаварот на МПЦ

БОЖИЌНА ПОРАКА НА Г.Г. СТЕФАН: Еве што вели поглаварот на МПЦ

ЕВЕ КАДЕ ПАДНА ПАРИЧКАТА ВО ДОМОТ НА МИЦКОСКИ: Беше на вечера кај неговите родители

ЕВЕ КАДЕ ПАДНА ПАРИЧКАТА ВО ДОМОТ НА МИЦКОСКИ: Беше на вечера кај неговите родители

„ДЕЦАТА НЕ ТРЕБАШЕ ДА СЕ ИЗЛОЖУВААТ НА ОВА НЕПОТРЕБНО ДОПОЛНИТЕЛНО ТРУЕЊЕ“: Д-р Беќаровски со реакција за Бадниковите поворки на толку загаден воздух

„ДЕЦАТА НЕ ТРЕБАШЕ ДА СЕ ИЗЛОЖУВААТ НА ОВА НЕПОТРЕБНО ДОПОЛНИТЕЛНО ТРУЕЊЕ“: Д-р Беќаровски со реакција за Бадниковите поворки на толку загаден воздух

ВО САРАЈ: Пожар во автосервис пеплоса четири возила

ВО САРАЈ: Пожар во автосервис пеплоса четири возила

ПРЕД КУЌА И ЗАПАЛИЛЕ ВОЗИЛО НА НОВИНАРКА: ЗНМ со остра реакција

ПРЕД КУЌА И ЗАПАЛИЛЕ ВОЗИЛО НА НОВИНАРКА: ЗНМ со остра реакција

ПЛАНИРАВМЕ ДУРИ ЖИЧАРА ОД ТЕТОВО ДО СКИЈАЧКИТЕ ТЕРЕНИ НА ШАПКА: Груевски се потсети на времето кога беше премиер, ги кажа плановите и за скијањето на Водно

ПЛАНИРАВМЕ ДУРИ ЖИЧАРА ОД ТЕТОВО ДО СКИЈАЧКИТЕ ТЕРЕНИ НА ШАПКА: Груевски се потсети на времето кога беше премиер, ги кажа плановите и за скијањето на Водно

ПОДГОТВЕН Е ДА ТРЧА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКОТО МЕСТО ВО СКОПЈЕ, НО ИМА УСЛОВ: Се зависи од анкетите

ПОДГОТВЕН Е ДА ТРЧА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКОТО МЕСТО ВО СКОПЈЕ, НО ИМА УСЛОВ: Се зависи од анкетите

ЗА 15 ГОДИНИ, НЕКОЕ РОБОТЧЕ ЌЕ ДОАЃА КАЈ ВАС, ЗА 2-5 МИНУТИ КОМПЛЕТНО ЌЕ ВЕ СКЕНИРА И ЌЕ ПОСТАВИ ДИЈАГНОЗА: Д-р Беќаровски за роботие „ќе прашувате во која наша болница се сликани“

ЗА 15 ГОДИНИ, НЕКОЕ РОБОТЧЕ ЌЕ ДОАЃА КАЈ ВАС, ЗА 2-5 МИНУТИ КОМПЛЕТНО ЌЕ ВЕ СКЕНИРА И ЌЕ ПОСТАВИ ДИЈАГНОЗА: Д-р Беќаровски за роботие „ќе прашувате во која наша болница се сликани“

ПОРАНЕШНИОТ СОБРАНИСКИ СПИКЕР, ВЕЉАНОВСКИ СЕ ПОТСЕТИ НА СЈО: Сподели комично видео, но со која порака?

ПОРАНЕШНИОТ СОБРАНИСКИ СПИКЕР, ВЕЉАНОВСКИ СЕ ПОТСЕТИ НА СЈО: Сподели комично видео, но со која порака?