16 Мај, 2024
0.0268

11-те земји со најскапо универзитетско образование

Објавено во: Стил 29 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Сајтот „Expert Market“ направи студија на надоместоците за високо образование во различни земји во светот, за да ги рангира оние каде е најскапо да се заврши универзитет.

Податоците се од „Quacquarelli Symmonds (QS) Top Universities“ за академската година 2014/2015 и од студијата „Gallup Median Self-Reported Income report“ за 2013 година.

Излегува дека САД и Велика Британија не се сосема на првите места. Ќе ви остави впечаток дека во рангирањето се и доста източноверопски држави. Податоци за нашата земја нема во оваа листа нема.

Листата ги подредува таксите обука за стандардна диплома како процент од приходите на домаќинствата во соодветната земја и покажува дека некои родители се подготвени да потрошат и до 90% од своите приходи, за да им дадат добро образование на своите деца, пишува "Бизнис инсајдер".

Видете ја листата:

11. Јапонија -24.000 долари (15,821 евра), 18% од приходите

Во Земјата на изгрејсонцето има над 500 колеџи и универзитети кои се со релативно ниски трошоци. Високото образование во земјата е концентрирано во специјалности како науки, математика и инженерски дисциплини, затоа за хуманитарна едукација локалните студенти преферираат обука во странство.

10. Сингапур - 35,400 долари (23,336 евра ), 36% од приходите

Во земјата има само 5 државни универзитети и таксите за специјалности како медицина или науки се доста високи. Но Сингапур е трета најбогата земја во светот и највисокиот стандард овозможува родителите да трошат една третина од своите приходи за едукација на своите деца.

9. Велика Британија - 40,290 долари (26,560 евра), 42% од приходите

Школарината за обуки на Островот се толку високи, што чинат речиси половина семејни приходи. Деветтото место доаѓа поради високите плати во земјата. Годишните такси може да стигнат до 9.000 евра ($ 13,654) според специјалноста и универзитетот.

8. Литванија - 23,904 долари (15,759 евра), 48% од приходите

Во земјата во 2009 година имаше протести против образовните реформи, бидејќи се очекуваше тие да доведат и до повисоки такси. Така се и покажа тука семејствата трошат половина приход за универзитетско образование на децата.

7. Украина - 23,200 долари (15,292 евра), 52% од приходите

Тука има повеќе универзитети од Италија, Франција, Германија, Полска и Белгијазаедно. Од 900 тие беа сведени на под 200 во последните 3 години. Некои од нив се специјализирани воени институти и по завршувањето на курсот почнуваат директно на работа во армијата.

6. САД - 91,832 долари (60,510 евра), 53% од приходите

Надоместоците тука се високи, но сепак земјата далеку не е меѓу првите. А и приходите во САД се високи. Но секоја година се забележува зголемување на таксите за едукација, не и на платите. Затоа екслузивното образование станува достапно само за одредена елита, коментира Джаред Келер од Expert Market.

5. Малезија - 18.000 долари (11,863евра), 55% од приходите

Во земјата има околу 20 универзитети и надоместоците се слични со оние во другите земји. Но просечната плата во Малезија е едвај RM 2,052 (£ 310, $ 470) месечно. Тоа значи дека без стипендија или кредит родителите треба да потрошат над половина од приходите за образование.

4. Чиле -23,600 долари (15,554евра), 73% од приходи

Помеѓу 2011 и 2013 година тука имаше масовен бран на студентски протести, наречени "Чилеанска зима", против скапото образование и вработените за профит образовни институции, кои буквално фрлаат огромен дел од општеството од пристапот до високото образование. Според податоци на ОЕЦД просечните приходи по домаќинство во Чиле се едвај $ 17,773 (£ 11,718) и луѓето треба да се лишат буквално од сите нивни пари да им овозможат едукација на децата.

3. Естонија - 38,400 долари (25,310 евра), 76% од приходите

Во земјата технолошкиот развој и образование е приоритет. Но и обуката во математички, технолошки и инженерски специјалности, на кои се залагаат масовно, е доста скапо.

2. Романија - 25,200 долари  (16,609 евра), 86% од приходи

Во земјата има многу студенти, особено во специјалностите како медицина и науки. Но просечната плата тука е 2563 романски леи (£ 429, $ 651), и само богатите семејства можат да си дозволат скапи универзитети за децата.

1. Унгарија - 34,200 долари ( 22,358 евра), 92% од приходите

Унгарските родители го трошат целиот свој приход за образование. Затоа се сериозно застапени студентски кредити. Но државата има и посебна политика за бесплатно образование - додека потоа учениците 10 години по завршувањето мора да останат да работат во земјата, инаку треба да ги вратат парите за универзитетски такси.