16 Јануари, 2025
0.0286

Социјалните станови ќе мора да се закупат или откупат

Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Околу 2.420 стана, од кои дел се диво вселени, дел ги користат социјални случаи, a дел се уште се во општествена сопственост, ќе добијат регулиран правен статус најдоцна до септември следната година. Граѓаните што живеат во овие станови имаат рок до крајот на март 2015 година да се изјаснат дали ќе склучат договори за закуп или  ќе ги откупат. Висината на закупот, како и процентот на учество за откуп на станот се одредени во зависност од вкупните примања на семејствата. Притоа лицата се поделени во четири категории, појасни министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. 1. Лица во социјален ризик; На лицата кои припаѓаат на оваа група, становите ќе им бидат дадени под закуп без плаќање на закупнина се додека се приматели на социјална или постојана парична помош. 2. Лица со ниски приходи; Станува збор за лица со вкупен приход во семејството максимум 1.5 просечна нето плата (просечна нето плата за месец јуни 2014 година изнесува 21.233,00 денари). На овие лица ќе им биде овозможено: Право на закуп на становите кои припаѓаат на Република Македонија по следниве цени: - Ако вкупниот приход на семејството изнесува максимум 2 минимални нето плати (во 2014 година минималната нето плата изнесува 8.800,00 денари) цената за закуп ќе изнесува 25 ден/м2 и - Ако вкупниот приход на семејството изнесува помеѓу 2 минимални нето плати и 1.5 просечна нето плата (во 2014 година минималната нето плата изнесува 8.800,00 денари а просечната нето плата за месец јуни 2014 година изнесува 21.233,00 денари) цената за закуп ќе изнесува 35 ден/м2. На овие лица им се дава и право на откуп на становите преку кредит кој ќе го спроведе Акционерското Друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката со следниве услови: - Минимално учество 5% од вкупната вредност на станот; - Рок на отплата максимум 30 години и - Каматна стапка на годишно ниво фиксна 4%. 3. Лица со просечни приходи Станува збор за лица со вкупен приход во семејстовото помеѓу 1.5 просечна нето плата и 2.5 просечна нето плата. На овие лица ќе им биде овозможено: Право на закуп под следниве услови: - Ако вкупниот приход на семејството изнесува помеѓу 1.5 просечна нето плата и 2 просечни нето плати (во 2014 година просечната нето плата за месец Јуни 2014 година изнесува 21.233,00 денари) цената за закуп ќе изнесува 62,00 ден/м2 и - Ако вкупниот приход на семејството изнесува помеѓу 2 просечни нето плати и 2.5 просечна нето плата (во 2014 година просечната нето плата за месец Јуни 2014 година изнесува 21.233,00 денари) цената за закуп ќе изнесува 95,00 ден/м2. Исто така, за овие лице е овозможено право на откуп на становите преку кредит кој ќе го спроведе Акционерското Друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката и ќе ги содржи следниве услови: - Минимално учество 20% од вкупната вредност на станот; - Рок на отплата максимум 30 години и - Каматна стапка на годишно ниво фиксна 4%. 4. Лица со високи приходи Оваа категорија се лица кои имаат вкупен приход во семејството над 2.5 просечна нето плата. На овие лица ќе им биде овозможено: Право на закуп на становите по цена од 190 ден/м2, како и право на откуп на становите преку кредит со следниве услови: - Минимално учество 30% од вкупната вредност на станот; - Рок на отплата максимум 30 години и - Каматна стапка на годишно ниво фиксна 4%. Предвидено е рокот за комплетирање на барањата за право на откуп односно закуп за сите 4 категории на лица да биде заклучно со 31.03.2015 година. „Доколку до 31 март граѓаните кои живеат во сите овие категории станови не се изјаснат за закуп или за откуп, тогаш по сила на закон со решение ќе им дадеме закуп. Моментално има голем број граѓани кои немаат ни закуп на становите, ниту поднесуваат барање за откуп и ништо не плаќаат кон државата“, вели Јанакиески. Во однос на корисниците на општествени станови, откупот ќе продолжи по досегашната постапка, односно по барањата кои беа пристигнати заклучно со законски предвидениот рок кој беше до 31.12.2010 година. При спроведување на постапката за продажба на општествените станови Министерството за транспорт и врски се соочува со голем број на некомплетни барања, со што се оневозможува решавањето на овие предмети. Со цел решавање на ова прашање, утврден е дополнителен рок за оние кои имаат поднесено некомплетни барања за приватизација на стан во општествена сопственост истите да ги комплетираат до 31.03.2015 година. Оние корисници на општествени станови кои нема да ги комплетираат барањата во предвидениот рок односно нема да ги достават сите потребни документи ќе добијат решение за закуп и ќе можат да ги користат становите исклучиво со плаќање закупнина за својата категорија, како што е опишано погоре

1.                   Лица во социјален ризик;

 

На лицата кои припаѓаат на оваа група, становите ќе им бидат дадени под закуп без плаќање на закупнина се додека се приматели на социјална или постојана парична помош.

 

2.                   Лица со ниски приходи;

 

Станува збор за лица со вкупен приход во семејството максимум 1.5 просечна нето плата (просечна нето плата за месец  јуни 2014 година изнесува 21.233,00 денари). На овие лица ќе им биде овозможено:

 

Право на закуп на становите кои припаѓаат на Република Македонија по следниве цени:

 

-          Ако вкупниот приход на семејството изнесува максимум 2  минимални нето плати (во 2014 година минималната нето плата изнесува 8.800,00 денари) цената за закуп ќе изнесува 25 ден/м2 и

-          Ако вкупниот приход на семејството изнесува помеѓу 2 минимални нето плати и 1.5 просечна нето плата (во 2014 година минималната нето плата изнесува 8.800,00 денари а просечната нето плата за месец јуни 2014 година изнесува 21.233,00 денари) цената за закуп ќе изнесува 35 ден/м2.

 

На овие лица им се дава и право на откуп на становите преку кредит кој ќе го спроведе Акционерското Друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката со следниве услови:

 

-          Минимално учество 5% од вкупната вредност на станот;

-          Рок на отплата максимум 30 години и

-          Каматна стапка на годишно ниво фиксна 4%.

 

 

3.                   Лица со просечни приходи

 

Станува збор за лица со вкупен приход во семејстовото помеѓу 1.5 просечна нето плата и 2.5 просечна нето плата. На овие лица ќе им биде овозможено:

 

Право на закуп под следниве услови:

-          Ако вкупниот приход на семејството изнесува помеѓу 1.5 просечна нето плата и 2 просечни нето плати (во 2014 година просечната нето плата за месец Јуни 2014 година изнесува 21.233,00 денари) цената за закуп ќе изнесува 62,00 ден/м2 и

-          Ако вкупниот приход на семејството изнесува помеѓу 2 просечни нето плати и 2.5 просечна нето плата (во 2014 година просечната нето плата за месец Јуни 2014 година изнесува 21.233,00 денари) цената за закуп ќе изнесува 95,00 ден/м2.

 

Исто така, за овие лице е овозможено право на откуп на становите преку кредит кој ќе го спроведе Акционерското Друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката и ќе ги содржи следниве услови:

 

-          Минимално учество 20% од вкупната вредност на станот;

-          Рок на отплата максимум 30 години и

-          Каматна стапка на годишно ниво фиксна 4%.

 

 

4.                   Лица со високи приходи

 

Оваа категорија се лица кои имаат вкупен приход во семејството над 2.5 просечна нето плата. На овие лица ќе им биде овозможено:

 

Право на закуп на становите по цена од 190 ден/м2, како и право на откуп на становите преку кредит со следниве услови:

 

-          Минимално учество 30% од вкупната вредност на станот;

-          Рок на отплата максимум 30 години и

-          Каматна стапка на годишно ниво фиксна 4%.

 

 

Предвидено е рокот за комплетирање на барањата за право на откуп односно закуп за сите 4 категории на лица да биде заклучно со 31.03.2015 година.

 

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката