14 Февруари, 2025
0.0276

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски посетата на САД од 18-ти јануари по покана за присуство на инаугурацијата на Доналд Трамп ќе ја искористи за средби со идни соработници од администрацијата на новиот американски претседател.

Повикувајќи се на владини извори, како што објави ДВ,очекувањата се дека за време на престојот Мицкоски ќе се сретне со Хауард Лутник, копретседавач на тимот за транзиција на Трамп и иден министер за трговија, потоа Девин Нунес, номиниран за претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на „Trump Media & Technology Group", извршниот директор на Рамбл (Rumble), Крис Павловски, Линда Мекмахон, предложена за министерка за образование, Каш Пател предложен за директор на ФБИ, идниот амбасадор на САД во НАТО, Мет Витакер, Себастијан Горка, предложен за асистент на претседателот Трамп и виш директор за контратероризам.

„За време на посетата ќе се афирмираат македонските позиции и интереси во поглед на надворешната политика и европската интеграција на земјата, како и соработката со САД на повеќе значајни полиња. Ова е прва ваква можност во историјата на самостојна Македонија, премиерот на Владата на вака високо ниво во американската политика да оствари контакти значајни за државата“, велат владини извори.

Мицкоски веќе се има сретнато претходно со Лутник и Нунес, кога се уште беше неизвесно дали Трамп ќе победи на претседателските избори.

Можеби ќе ве интересира

„ДА БЕШЕ ЖЕНА КОЈА КОРИСТИ БОТОКСИ И ФИЛЕРИ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЛИЧИ НА УНАКАЗЕНА ЖЕНА ОД НАДРИЛЕКАРИ И ПАЗАРЏИИ ЗА СИТНА ПАРА“: Трајкоска жестоко за смената на државниот грб

„ДА БЕШЕ ЖЕНА КОЈА КОРИСТИ БОТОКСИ И ФИЛЕРИ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЛИЧИ НА УНАКАЗЕНА ЖЕНА ОД НАДРИЛЕКАРИ И ПАЗАРЏИИ ЗА СИТНА ПАРА“: Трајкоска жестоко за смената на државниот грб

ГОЛЕМИ ПАРИ ЗА РЕНОВИРАЊЕ И ОПРЕМУВАЊЕ НА ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“: Сума од 12 милони евра од ТАВ одат во скопската општа градска болница

ГОЛЕМИ ПАРИ ЗА РЕНОВИРАЊЕ И ОПРЕМУВАЊЕ НА ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“: Сума од 12 милони евра од ТАВ одат во скопската општа градска болница

ЗА ФРОСИНА, ЗА ИГОР ЈУГ И ЗОРАН ЗАЕВ: Груевски сподели како се контролираат возачите во Унгарија, а го кажа ставот и за осудените за 27 април

ЗА ФРОСИНА, ЗА ИГОР ЈУГ И ЗОРАН ЗАЕВ: Груевски сподели како се контролираат возачите во Унгарија, а го кажа ставот и за осудените за 27 април

МАКЕДОНСКИ ШЕФ НА ЕВРОПСКА НАРКО-МАФИЈА И ПАДНАЛ ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО ЖЕНЕВА: Го сменил името и се надевал дека нема да го фатат

МАКЕДОНСКИ ШЕФ НА ЕВРОПСКА НАРКО-МАФИЈА И ПАДНАЛ ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО ЖЕНЕВА: Го сменил името и се надевал дека нема да го фатат

ЕВЕ ГО МОМЕНТОТ КОГА О НИЛ ГО СООПШТУВА ИМЕТО НА ЃОРЧЕВ И ГО ПОКАЖУВА НА ФОТОГРАФИЈА: Молел да не се сруши владата во 2016 година

ЕВЕ ГО МОМЕНТОТ КОГА О НИЛ ГО СООПШТУВА ИМЕТО НА ЃОРЧЕВ И ГО ПОКАЖУВА НА ФОТОГРАФИЈА: Молел да не се сруши владата во 2016 година

„НИТУ ЕДНО ЖИВОТНО НА ГРБОТ НЕМА ДА ДОНЕСЕ ПОВИСОК ЖИВОТЕН СТАНДАРД“: Се огласи Макрадули за државниот грб и неговата измена

„НИТУ ЕДНО ЖИВОТНО НА ГРБОТ НЕМА ДА ДОНЕСЕ ПОВИСОК ЖИВОТЕН СТАНДАРД“: Се огласи Макрадули за државниот грб и неговата измена

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!