28 Април, 2024
0.0262

15 познати логоа чие скриено значење не го знаете

Објавено во: Стил 29 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Ова се светски познати логоа што сте ги сретнале насекаде, а никогаш не сте ја забележале нивната скриена порака.

1. FedEx

29187-oh8bhm

Логото на FedEx е едно од најпознатите светски дизајни и има освоено повеќе од 40 награди. Но, дали сте забележале дека во празниот простор помеѓу ,,E'' и ,,X" има бела стрелка кон десно. Таа ги претставува основните пораки на компанијата: насока, брзина и прецизност.

2. Sony Vaio

29187-1g0coka

Целината што ја формираат буквите ,,V" и ,,A" всушност го претставуваат сигналот на аналогната технологија, додека буквите ,,I'' и ,,O" ја претставуваат дигиталната. Комбинацијата од буквите, не само што го формира името Vaio, туку и ја претставува историјата на еволуцијата од аналогна во дигитална технологија.

3. Аmazon

29187-1ux6f7b

Жолтата стрелка на логото на Амазон, претставува насмевка, што би ја имале потрошувачите по користењето на производите на компанијата. Освен тоа, таа има и друга симболика, односно ги поврзува првата и последната буква во англискиот јазик, укажувајќи на тоа дека се што ви треба можете да најдите во Амазон.

4. Spartan golf 

29187-7phvv6

Освен што логото прикажува војник спартанец кој носи кација, истовремено е прикажан и голфер кој замавнува со палка.

5. Toblerone

29187-1slereu

Логото нa компанијата за чоколадо го покажува самитот на Матерхорн, своето швајцарски наследство, но дали сте ја забележале и скриената бела мечка на планината? Мечката може да се најде и на грбот на домашниот град на Тоблероне, Берн.

6. Elefont

29187-1ics6kz

Дизајнот на ова лого на прв поглед личи само на едноставна буква ,,е'', но погледнете во белиот простор во неа.

7. Eighty20

29187-zd47om

 Логото на оваа компанија има скриен симбол кој ретко кој го гледа. Црните квадрати претставуваат единици во бинарниот систем, додека белите се нули. Па така, во првиот ред всушност стои 1010000- што е бројот 80 во бинарниот систем, а во вториот ред 0010100 што е бројот 20. Па така, се добива и името на компанијата.

8. Тоуота

Еве што значат круговите на логото на Тојота.

29187-m7pu29 (1)

9. London Symphony Orchestra

29187-2huyiy

Логото на оркестарот е составено од првите букви на неговото име, но целиот симбол личи на диригент кој диригира пред оргестарот.

10. Picasa

29187-1uqzi9q

Шарениот дел од логото на Пикаса, ја претставува блендата на камерата кога сликате, а негативниот простор внатре претставува форма на куќа. Пикаса е софтвер кој ви овозможува да ги чувате сите ваши фотографии на едно место. Па од таму е и сомболиката Пикаса - куќа за вашите фотографии.

11. Tour de France

29187-tnxve7

Бувката ,,R'' претставува човек кој вози велосипед. Ова е лого на една од најпознатите светски велосипедски трки.

12. Wikipedia

29187-5exwc1

Секое парче на логото носи знак, буква, карактер или хиероглиф, што е симбол на повеќејазичноста на Википедиа. Празниот простор на врвот ја симболизира нецелосната природа на проектот, текстовите и јазиците кои допрва ќе се додаваат.

13. Continental

29187-1onilxp

Буквата ,,C'' и ,,O'' формираат гума, она што го произведува компанијата.

14. Cisco

29187-1fkzpnv

Иако изгледа како дигитален сигнал, кон што е фокусирана и оваа компанијата за технологија, испрекинатите линии всушност го претставуваат Голден Гејт мостот во Сан Франциско, кој беше извор на инспирација за основачите на компанијата.

15. Museum of London

29187-om542k

Секоја боја ја прикажува територијата и границите на Лондон, како се менувале низ историјата.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти