19 Мај, 2024
0.0336

2016 година со поголеми тешкотии, ако не се најде решение на бегалската криза

Објавено во: Балкан 03 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Ужасно студено, ладен ветер и бурното зимско Море не успеаја да го запрат навидум бескрајниот поток од очајни луѓе кои бегаат од војната или сиромаштијата на онаа што се надеваат дека ќе биде посветла и побезбедна иднина во Европа. Како изгледа и во зората на 2016 година продолжува бранот на луѓе низ грчките острови и илјадници имигранти ги преминуваат балканските патишта, Упатувајќи се на север.

Повеќе од 1 милион лица успеале да стигнат до Европа во 2015 година во рамките на најголемиот бегалски бран по крајот на Втората светска војна - кризата која го тестираше европското единство и се закани за визијата за намалување на границите на континентот. Се смета дека околу 3.800 луѓе се удавиле во Средоземното Море минатата година, патувајќи од Грција до Италија во преоптоварени бродови, се дополнува во анализата.

Европската унија вети дека ќе ги засили патролите на надворешните граници и брзо ќе ги депортира економските имигранти, додека Турција се согласи да го реши проблемот со шверцерите кои работат на нејзиното крајбрежје. Но оние на фронтот на кризата тврдат дека претстојната година ветува дека ќе биде тешка, освен ако не се случи некоја драматична промена.

Грција го носи товарот на преселувањето на повеќе од 850 000 луѓе кои пристигнале по островите на земјата. Речиси сите тие дошле од блиското турско крајбрежје.

Од одговорот на Европа се слушна само гласот на одделни држави, загрижени за зголемениот бегалски бран и воведувањето на нови гранични проверки, насочени кон ограничување на протокот на луѓе. Проблемот се усложнува и од неподготвеноста на голем дел од земјите каде незнаат дали имигрантите може да ги вратат назад, кога станува збор за принудно враќање, како Пакистан.

„Ако не се преземат мерки за да се запре приливот од Турција и ако Европа не ги реши проблемите со враќањето на луѓето во целина, тоа ќе биде многу тешка година“, коментирал Јоанис Музалас, грчкиот министер за миграциска политика.

Во балканскиот правец неодреден број мажи, жени и деца кои се сметаат за економски имигранти, се во ќорсокак, а нивните надежи да стигнат до најпросперитетните северни земји во Европската унија се мали од натамошните затворени граници. Грција е единствената земја која не може реално да ги блокира луѓето да влегуваат на нејзината територија, без да се нарушат меѓународните закони за спасување на сиромашни во морето.

Илјадници луѓе можат да останат „заглавени“ во Грција. Според зборовите на Музалас земјата нема можност да ги контролира случувањата.

„Какви и мерки да се превземат тука ако од турска страна шверцерите ги зголемат потоците, ние не можеме да се справиме“, додал тој.

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел