(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

Објавено во: Балкан 18 Мај, 2024 07:00
Во 18 часот и 26 минути патнички воз кој се движел во правец на мостот Панчевац се судрил со товарен воз на пругата во тунелот кај мостот Панчевац во соседна Србија вчера. Во несреќата повредени се 13 лица, кои се евакуирани од страна на припадниците на Секторот за вонредни состојби, додека нема жртви.
Несреќата се случила на излезот од тунелот Врачар, во правец кон мостот Панчевац, а бидејќи екипите на итната помош не можеле да стигнат на местото на несреќата, патниците од БГ воз биле евакуирани од припадници на Противпожарната служба преку евакуациони тунели, се вели во соопштението на „Српска железничка инфраструктура“.
СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот
Како што истакна министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, „присутните пожарникари-спасувачи ги извлекле повредените патници преку излезот за евакуација, односно тунелот за што 99 проценти од граѓаните не ни знаат за што служи“.
Акцијата за спасување ја водеше Лука Чаушиќ, началник на Одделот за вонредни состојби, се наведува во соопштението на МВР Србија.
Во соопштението на „Железници Србија“ се наведува дека „во несреќата нема жртви, а евакуирани се 13 лица, од кои девет по прегледот се испратени дома, а четири лица се испратени во Ургентниот центар и тоа машиновозачот, кондуктерот и двајцата патници.
Според министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, причина е човечкиот фактор, а сите постапки предвидени со законот ќе бидат поведени по извештајот на Комисијата за железници.
Сообраќајот е прекинат на местото на несреќата и така ќе биде до денес претпладне.
Foto: MВР Србија
Можеби ќе ве интересира
КУПУВАМ ВО МАРКЕТИ, ПА СИ ПОДГОТВУВАМ ОБРОЦИ: Туристите се шокирани од цените во Будва

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Дрвја паднаа врз туристи, а гром удри во Германец

Нова провокација од Бугарија? Претседателот на згаснатиот „Ванчо Михајлов“ примен во бугарското МНР

(ВИДЕО) ВУЧИЌ ВО ПАРК: Време е да ги подобрам физичките карактеристики, да бидам малку помалку дебел

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА: Хеликоптер се урна во морето

ПОЧНА СЕЗОНАТА НА ДОМАТ – ТУРИЗАМ, КРИШКА ЛЕБ СО ПАШТЕТА НА ПЛАЖА ЗА ДВАЈЦА: Денот се поминува со помалку од 5 евра

СИНГАПУРСКИ МИЛИЈАРДЕР ЈА РУШИ ВИЛАТА НА ТИТО: Ќе никне најлуксузен комплекс на Јадранот

„ЦРНИ“ ПРОГНОЗИ ЗА БИХ: Во ризик се 10.000 работни места

СРБИЈА ЌЕ ПОМОГНЕ НА УКРАИНА: Вучиќ кажа колку градови би можеле да обноват
