24 часа нема да се патува со воз кон и од соседна Грција
Објавено во: Мои пари 06 Ноември, 2013
Железничкиот сообраќај кон и од соседна Грција, поради 24–часовниот штрајк на грчките железници, денеска ќе биде во прекин, соопшти МВР.
- Денеска до Полициската станица за граничниот премин „Богородица“ од страна на ЈП „Македонски Железници“ добиено е известување дека поради денешниот 24–часовен штрајк на грчките железници ќе биде во прекид секаков вид железнички сообраќај кон и од соседна Грција, се вели во соопштението од МВР.