24 Часа: Повеќе Македонци од Македонија отколку од Бугарија на отворањето на клубот во Благоевград
Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2022 07:05
Солидно странско присуство го одбележа отворањето на скандалозниот приватен македонски клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, тврди бугарски 24 Часа со наслов „Повеќе гости, отколку домаќини на отворањето на Македонскиот клуб во Благоевград“ по вчерашниот настан.
„Групата од Северна Македонија беше најбројна. Значајно беше присуството на генералниот секретар на претседателот Стево Пендаровски - Миле Бошњаковски, кој одби да зборува на отворањето и само се заблагодари за поканата. Пристигнаа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Миткоски и лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев со неколку пратеници, како и група од Демократскиот сојуз и историчари. Меѓу гостите имало и група која се претставувала како Македонци од Албанија со нивниот заменик, како и група од Грција на чело со отец Никодин.
Мештаните, самоидентификувани како Македонци, не беа повеќе од 50 луѓе“, тврди 24 Часа.
Изданието тврди дека ОМО „Илинден“ воопшто немало намера да покаже што имало во клубот и таму да го организира официјалниот дел.
„Од звучниците се слушаа гласни патриотски песни и маршеви. Со тоа беа осуетени плановите на активистите на ОМО „Илинден“ прославата да се одржи на отворено, а официјалниот дел требаше да се помине во тесната просторија“, тврди 24 Часа.
Бошњаковски рекол за бугарските медиуми дека се познава со дел од домаќините на клубот бидејќи биле на средба со претседателот Стево Пендаровски.
Внимание предизвика и изјавата на Мицкоски дека Македонците почнале да вадат бугарски пасоши дури откако Бугарија станала членка на ЕУ, а не и претходно.
Можеби ќе ве интересира
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово
Одрон на патот Охрид – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една лента
Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати




