41-годишна жена е најдена мртва во хотелска соба на улицата Чаирска
Објавено во: Македонија 17 Декември, 2021
Жена e најдена мртва во хотелска соба на улицата Чаирска во Скопје.
Станува збор за 41-годишната К. Н. од Скопје. Екипа од Итната медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на жената е предадено на обдукција.