Во Шведска преполовен бројот на азиланти од Западен Балкан
Објавено во: Свет 17 Април, 2013 14:00
Бројот на баратели на азил од земјите од Западен Балкан, како, на пример, Србија, Македонија, Босна и Албанија, е преполовен во првото тримесечје годинава, споредено со истиот период лани.
Причината за ваквото намалување би можеле да бидат засилените гранични контроли што ги воведоа балканските земји, во однос на граѓаните кои патуваат во странство.
- Заканите од страна на ЕУ за повторно воведување на визи доведоа до засилување на граничните контроли во земјите од Западен Балкан, пред се за Ромите, при што илјадници луѓе се запрени на граничните премини, вели Александра Стигелмејер при тинк-тенкот „Европска иницијатива за стабилност“ во Брисел.
Граничната полиција прашува каде имаат намера да патуваат, дали имаат повратни билети, колку пари носат со себе и колку багаж имаат.
- Притоа се запираат лица за кои има сомневања дека би можеле да бараат азил во ЕУ, вели Александра Стигелмејер за Шведското радио.
И Фредрик Бејер, шеф на правната служба при шведскиот Миграциски завод, смета дека намалувањето на бројката на азиланти од Западен Балкан би можела да се должи на заострените гранични контроли. Откако ЕУ воведе визна либерализација за земјите на Западен Балкан, драстично се зголеми бројката на баратели на азил од овие земји во Шведска. Но мнозинството од нив, околу 99 проценти, добиле негативен одговор на своите барања.
Можеби ќе ве интересира
Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот




