18 Декември, 2025
0.0475

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

Објавено во: Финансии 18 Декември, 2025 10:36

Добивај вести на Viber

Некогашната вицегувернерка Маја Кадиевска Војновиќ, иако беше изгласана за иден член на Управниот одбор на Стопанска банка Битола - денес АЛТА банка, сепак, нема да влезе во управното тело на оваа институција. 

Согласно најновите информации, кои компанијата ги сподели на Македонска берза, одлуката за влез на Кадиевска Војновиќ во УО на банката е стопирана, а функцијата до комплетирање на управниот одбор ќе ја врши Даниела Ѓоршевска. 

- АЛТА банка АД Битола известува дека на ден 17.12.2025 година, со Одлука  донесена на Надзорен одбор на Банката, ставена е вон сила Одлуката за именување на нов член на Управен одбор на Банката за г-ѓа м-р Маја Кадиевска Војновиќ. 

До комплетирање на  составот на Управниот одбор на Банката и до истекување на мандатот, г-ѓа м-р Даниела Ѓоршевска ќе продолжи да ја извршува својата функција член на Управниот одбор на Банката - се посочува во објавата која од компанијата ја проследија до Македонска берза.

Инаку Кадиевска Војновиќ, беше предложена и изгласана за член на УО на Стопанска Банка Битола, која беше преземена од српската АЛТА Банка, откако членот на Управниот одбор, г-ѓа м-р Даниела Ѓоршевска поднесе писмена оставка од функцијата член на Управниот одбор на Банката. 

Кадиевска Војновиќ е позната во македонската јавност како некогашна вицегувернерка и професорка на Американ колеџ, таа беше и дел од Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, а на почетокот на минатата година беше назначена за член на Надзорниот одбор на операторот на платниот систем КИБС (Клириншки интербанкарски системи АД Скопје).

Можеби ќе ве интересира

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома