27 Април, 2024
0.1776

Пет општини ќе добијат грантови за подобрување на социјалните услуги

Објавено во: Финансии 20 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Пет општини во Република Македонија, општините Куманово, Кавадарци, Гостивар, Струмица и Ресен ќе добијат грантови од по 120 000 евра за подобрување на социјалните услуги, пред се за ранливите и маргинализирани групи, во соработка со граѓанскиот сектор. 

Средствата се обезбедени од страна на Европската Унија, во рамките на регионален проект кој што се имплементира во Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Косово и во Република Македонија.

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, денеска во Скопје ја отвори дводневната регионална Конференција за соработката на локалните власти со граѓанскиот сектор во земјите од Западен Балкан, на која што беа презентирани добрите пракси од имплементацијата на проектот. 

-Владата на Република Македонија води политика на соработка со своите соседи и со земјите од регионот.  Граѓаните на земјите од Западен Балкан сакаат да бидат дел од Европската Унија. Да живеат во демократски општества, со перспективи за развој, со добро образование,  здравство, да споделуваат заеднички  вредности, да градат мостови со своите соседи, со граѓаните на Европа. Тоа го сакаат и граѓаните на Република Македонија.  Затоа ја поздравувам соработката на сите нивоа во решавањето на предизвиците. Посилни сме кога си помагаме меѓу себе на патот до нашето членство во Европската Унија, рече министерот Фазлиу.

Тој истакна дека во едно модерно општество, речиси и да не постои прашање кое што не е адресирано и пред властите и пред граѓанскиот сектор. 

-Доброто владеење  е услов за решавање на прашањата по мерка на граѓаните, затоа што тоа подразбира отворено, транспарентно, економично и ефикасно управување со јавните работи.

Претставничката на Европската Комисија, Лислот Исаксон, истакна дека локалните власти треба да станат посвесни за ресурсите со кои што располага граѓанскиот сектор, а граѓанскиот сектор треба да биде поподготвен за имплементација на проекти, за да можат заеднички да работат и да ги подобруваат услугите во општините.

Заменичката на постојаниот претставник на УНДП, Нарине Сахикијан потенцираше дека општините имаат големи предизвици и во обезбедувањето на грижа за ранливите и маргинализираните групи. Во рамките на овој проект, рече таа се опфатени 50 општини од регионот кои што со финансиска поддршка од ЕУ и во соработка со граѓанскиот сектор ќе можат да обезбедат дополнителни социјални услуги за 40 000 граѓани на кои што тоа им е најпотребно.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат