Бизнис делегација од Украина во посета на Македонија
Објавено во: Економија 07 Јуни, 2013
Стопанственици од градежништвото, метало-преработувачката индустрија, туризмот, земјоделството и производството на вино и минерална вода од Украина, престојува во тридневна посета на Македонија.
Бизнисмените денеска ќе имаат средба со министерот за странски инвестиции Бил Павлески, како и со стопанственици од Сојузот на стопански комори.
Во текот на посетата на украинскиата бизнис делегацијата, претседателот на Украинската стопанска комора, Генади Чижиков ќе потпише меморандум за соработка со претседателот на Сојуз на стопански комори Златко Калеников. Претставници на двете комори остварија средба и на 8.Светски коморски конгрес во Доха