УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин
Објавено во: Економија 16 Јануари, 2025
Белорусија планира да стане полноправна членка на БРИКС. Таа е земја сојузник на Русија и рускиот претседател Владимир Путин.
Првиот заменик министер за надворешни работи на земјата, Сергеј Лукашевич, изјави дека официјален Минск го гледа БРИКС како единствена меѓународна платформа која ги обединува напорите на глобалното мнозинство за создавање мултиполарност, еднаквост и инклузивност во меѓународните односи, како и за изнаоѓање ефективни решенија за тековни проблеми.
„Интеракцијата на Белорусија со БРИКС во сегашната фаза ќе се одвива земајќи ги предвид можностите што ги дава статусот на земја-партнер, притоа задржувајќи ја крајната цел за добивање полноправно членство на нашата земја во асоцијацијата“, изјави Лукашевич.
Неодамна, Индонензија стана членка на БРИКС. Индонезија, четвртата најнаселена земја во светот, сeга е полноправна членка на БРИКС.