16 Јануари, 2025
0.0280

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

Објавено во: Економија 16 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Во новата епизода на подкастот „Бизнис-клуб“, гостин на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески му е Аријана Коскаровапретприемач, коосновач на „Креатив хаб“, академија за дигитални вештини со седиште на 3 пазари (Македонија, Косово и Мајами, САД), и добитник на Наградата на „Форбс 30 под 30“ за Европа во категоријата социјално претприемништво, која се доделува на млади луѓе кои преку своите бизнис-идеи прават општествено добро.Во разговорот со м-р Аријана Коскарова сеправи паралела на македонското и на американското претприемништво и се изнесуваат факти за претприемништвото и за развојот на бизнис-моделите, но од друга перспектива, односно со користење грантови за едукацијакои ќе понудат поквалитетно образование и поврзување со професионалци од индустријата.

Со својот бизнис во Америка, м-р Коскарова истакнува дека целта на САД е градење на Америка како силна економска држава преку вложување во бизниси и во нови инвестиции. Според неа, Америка има многу практики за развој на државата кои можат да бидат пример за развој и на нашата држава. Таа прави паралела на постоењето на  економските зони кај нас и во Америка.

Ако ти си бизнисмен кој сака да вложи сериозни пари, ти даваат можност да вложиш во економските зони.Целта е економските зони во Америка да се направат како градови и да не бидат сите сегментирани во градот Мајами, па затоа ако бизнисите вложат таму, имаат придобивки од аспект на данокот, што за Америка е многу битно“, истакна Коскарова.

М-р Коскарова магистрирала на Интернационалниот универзитет во Монако и имала можност да работи во Шангај, Њујорк, Мајами и на Бали, каде што се здобила со искуство и со работна дисциплина. Иако живеела во повеќе држави надвор од Македонија, во 2017 година одлучила да вложи во својата земја со отворањето на Академијата „Креатив хаб“ во Скопје. Аријана е една од коосновачите на Академијата, која во 2022 година се проширува и во Приштина и во Мајами.

Нејзината бизнис-приказна во Мајами, САД, започнува во 2022 година со добивањето на визата од САД за лице со извонредни способности. Една година чека за лиценца за акредитација на Академијата, а во 2024 година започнала со работа. Во моментов има добиено два гранта – едниот од Министерството за економија на САД за обука на невработени лица од Америка со вештини од областа на вештачката интелигенција, а вториот грант е од Градот Мајами.

Во разговорот со претседателот Азески, Коскарова истакнува дека за развој на претприемништвото во Америка се важни три сегменти: 1) искуство како да се развива  бизнисот; 2) едукација, па затоа стратешки приоритет на Америка е преку бесплатни обуки да го оспособи народот со вештини со кои ќе бидат компетентни на пазарот на трудот, а тоа во моментов се вештините за вештачка интелигенција, и 3) инвестиција, која ја добиваат преку стимулативни мерки за инвестирање.

М-р Коскарова потенцираше дека во Америка се нудат многу можности за отворање бизниси. Општината (конкретно во Мајами, каде што живее) многу им помага на бизнисите со тоа што им нуди разни грантови за отворање бизнис преку Агенцијата отворена за таа намена, а истовремено им помага и во поврзувањето преку промоција и видливост на компаниите.

Во подкастот фокусот беше ставен и на младата американска популација. М-р Коскарова истакна дека кога станува збор за младата американска популација во американското општество, важни се две работи: 1) дали си Американец или дојден од друга држава и 2) дали имаш вештини или не. Лицата дојдени од други држави кои немаат вештини се роб на општеството, бидејќи работат ниско платени работи. Но на младите Американци им се нудат многу можности. Тие имаат добро и квалитетно бесплатно образование и им се нудат грантови за нови стартапи, за бизниси и за акцелератори. Но и на лицата кои имаат вештини, а кои се дојдени од други држави многу им се помага во развивањето на бизнисот, особено во научноистражувачката дејност.

Како младо лице, покрај на Наградата на „Форбс 30 под 30“, м-р Аријана Коскарова е добитник и на Наградата за жена претприемач во Давос за време на Светскиот економски форум.

Целиот разговор на линкот.

https://youtu.be/bvk5jL7rIow?si=4Ost4FklhoQMsliN


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

ПРОДАДЕН ДЕЛ ОД ИМОТОТ НА ПОРАНЕШНО „ФЕНИ“: Авансно ќе се делат парите од стечајната маса

ПРОДАДЕН ДЕЛ ОД ИМОТОТ НА ПОРАНЕШНО „ФЕНИ“: Авансно ќе се делат парите од стечајната маса