26 Јануари, 2021
0.0326

90 филма од програмата на Мобил филм фестивал бесплатно достапни преку платформата Cinesquare.net

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2020

Деведесет филма од цел свет од денеска до 6 декември ќе бидат дел од програмата на Мобил филм фестивал, што ќе се реализира по 11.пат. Филмовите поделени во три програми ќе бидат бесплатно достапни на VoD платформата Cinesquare.net. Поради ковид-ситуацијата, годинава одлучивме фестивалот да се реализира исклучиво со онлајн-програма. Мотото на фестивалот е „Размислувај поразлично“. Сите филмови на фестивалот, благодарение на платформата Cinesquare.net се достапни во 13 земји во регионот. Со тоа Мобил филм фестивал од годинава прераснува во регионален филмски фестивал.  

Голем интерес покажаа филмаџии од цел свет за да учествуваат на нашиот фестивал. Селектирани се: 22 филма во официјалната конкуренција, 36 – ковид-програма, 31 од анимирана програма.

Традиционално, ќе бидат доделени награди за најдобрите филмови. Најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“, за најоригинална приказна и најинвентивен филм. За наградите ќе одлучи тричлено жири во состав: Горан Наумовски, кинематографер и професор на универзитетот „Еуропа Прима“, Карл Бардош, филмски режисер и продуцент со богата професорска кариера на многу американски универзитети, а е посебно фокусиран на филмовите снимени со мобилен телефон. Неговиот курс Cell Phone Cinema се смета за најиновативен курс во академската 2019/2020 година во САД. Третиот член на жирито е филмскиот критичар Златко Ѓелевски.

Мобил филм фестивал, што го организира продуцентската куќа „КТ-Филм и Медиа“ е поддржан од Министерството за култура и Град Скопје. 


Можеби ќе ве интересира

РФМ: Данило Брестовац повеќе не е селектор

РФМ: Данило Брестовац повеќе не е селектор

ВИСТИНСКА ДРАМА СЕ СЛУЧУВАЛА НА ШАПКА: Семејство со две малолетни деца попради снежни навеви заглавило во викендичка, еве како се извлекле

ВИСТИНСКА ДРАМА СЕ СЛУЧУВАЛА НА ШАПКА: Семејство со две малолетни деца попради снежни навеви заглавило во викендичка, еве како се извлекле

Мицкоски започнува со собирање потписи од следната недела, Апасиев ќе се жали на Уставен

Мицкоски започнува со собирање потписи од следната недела, Апасиев ќе се жали на Уставен

Ивановска: Добивме осум луѓе од кај Груби, но треба да се прилагодуваме на нив

Ивановска: Добивме осум луѓе од кај Груби, но треба да се прилагодуваме на нив

Пендаровски: Големите фармацевтски компании не се заинтересирани за малите пазари

Пендаровски: Големите фармацевтски компании не се заинтересирани за малите пазари

Филипче: Нема сомнеж во квалитетот на кинеските вакцини, чекаме детали во однос на цената

Филипче: Нема сомнеж во квалитетот на кинеските вакцини, чекаме детали во однос на цената

Португалското претседателство е за брз старт на преговорите: Османи и Димитров во Брисел

Португалското претседателство е за брз старт на преговорите: Османи и Димитров во Брисел

Пратеникот Стоиљковиќ вели дека е најзаслужен што Србија ќе даде вакцини за Македонија

Пратеникот Стоиљковиќ вели дека е најзаслужен што Србија ќе даде вакцини за Македонија

Петар Атанасов за Фактор: МОН да поработи на предметите кои досега не дадоа резултати, а не да се импровизира со круцијални предмети

Петар Атанасов за Фактор: МОН да поработи на предметите кои досега не дадоа резултати, а не да се импровизира со круцијални предмети