Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори
Објавено во: Македонија 26 Април, 2024 11:55
Истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата Маркет вижн за првиот круг од претседателските избори, а објавено од МКД.мк, се покажа дека е најблиску до резултатот.
Анкетата на Маркет вижн и на МКД.мк покажа дека соодносот меѓу Гордана Сиљаносвка Давкова и Стево Пендаровски ќе биде 2:1. Тоа и се случи – Сиљаносвка Давкова освои двојно повеќе гласови од Пендаровски. На трето место и според анкетата и според резултатите од првиот круг е Бујар Османи, па следуваат Максим Димитриевски и Арбен Таравари, а по нив Билјана Ванковска и Стевчо Јакимовски. Такви беа резултатите од анкетата, а такви се и резултатите на Државната изборна комисија по првиот круг од претседателските избори
Николина Стојановска управителката на Маркет вижн, вели дека за бројните обвинувања и сомневања и од политичарите и од т.н. експерти подобар одговор нема од споредбата на анкетите со резултатите од изборите.
„Веќе неколку избори имаме најточни резултати. Ова не е случајно. Точна анкета бара ресурси, посветеност и затоа секогаш чини повеќе. Нашите анкети неретко се поскапи, може да траат и некој ден повеќе, но тоа е неопходно за поголема точност. Последната наша анкета за МКД.мк, споредена со резултатите од изборите, поконкретно со важечките гласови покажува точност со минимални отстапувања во рамки на статистичката грешка од 3 проценти што може да се види од приложениот слајд.
Многу аналитичари се занимаваат со проценти, но притоа не обрнуваат внимание на најважниот показател, а тоа е соодносот на гласовите меѓу кандидатите. Соодносот ја дава најреалната слика. Процентите меѓу различни анкети се неспоредливи бидејќи во секоја анкета има голем број испитаници кои не се изјаснуваат, не знаат за кого ќе гласаат…, а вкупниот број на вакви одговори во секоја анкета е различен. Ако го погледнете распоредот на нашите резултати ќе видите дека е речиси еднаков со резултатите од ДИК.
Важно е да се нагласи и моментот дека Маркет вижн не е агенција специјализирана за политички анкети. Ние сме експерти за бизнис, истражувања за брендови, финансии, и инвестициски проекти. За жал, недостатокот од вакви проекти во последните години ни ослободи време да работиме и ваков тип на анкети. Интересно е да се спомене дека многу странски институции и невладини организации, чија цел е унапредување на политичкиот систем, кои редовно прават и објавуваат анкети, многу пати нѐ поканиле да учествуваме на нивни тендери, но никогаш не нѐ ангажирале. Тука се поставува прашањето која е целта на тие анкети ако не ја одбирате агенцијата која со години се покажала како најточна“, вели во изјавата за МКД.мк Николина Стојановска.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје






