26 Април, 2024
0.0299

Тројца ректори ја потпишаа декларацијата усвоена од Собранието на СКСМ

Објавено во: Економија 27 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Ректорите на трите универзитети, проф. д-р Никола Јанкуловски, Универзитет Св. “Кирил и Методиј” Скопје, проф. д-р Сашо Коруновски, Универзитет “Климент Охридски” Битола и академик проф. д-р Абдулменаф Беџети, Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово кои во исто време се и членови на Собранието на Стопанската комора на Северна Македнија, ја потпишаа Декларацијата за општествен консензус за економски реформи, политики и мерки, што е уште една потврда на високо образовните институции за поврзаност кон вистинските вредности во државата, во клучниот момент кога кризите ја доживуваат својата кулминација.

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески по потпишувањето истакна дека е особено важно, бизнисот и образованието да станат доминантни прашања во државата во следите 10 години, бидејќи тоа не е прашање што се решава за една година, туку прашање за кое е потребен подолг период. Декларацијата усвоена од Собранието на Стопанската комора на 14 јули по повод 100-годишнината на Комората, во која се бара нов економски договор, како и враќање од партиските агенди на државната агенда, е од исклучително значење бидејќи само државната агенда може да го зачувува бизнисот и неговиот развој како единствен кохезиски фактор во државата. 

Ректорите на трите Универзитети се едногласни дека економскиот договор е определба која ги поврзува заинтересираните страни, а улогата на високо образовните институции е да испорачаат квалитетни кадри со што стопанството ќе може да го оствари својот развој кој е во интерес на државата. Впрочем и нивната структура на делување се состои од три столба: образование, наука и поврзување со заедницата со што се потврдува нивната општествена одговорност особено сега во услови на криза.

Бизнисот и образованието упатуваат заедничка порака до државата дека градењето на нов економски договор е приоритетен интерес на сите во процесот на приклучување на земјата кон Европската Унија и особено во услови кога градиме стратешки прашања на меѓународен план.  

Декларацијата е веќе потпишана од повеќе од 130 компанија (30 големи, 40 средни и 61 мала компанија), и институциите: МАНУ, Универзитетот американ колеџ Скопје, Организацијата на работодавачи на РМ, Занаетчиска комора на РСМ, Сојузот на стопански комори на Македонија и Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, како застапништво на Унијата на германските комори за индустрија и трговија (ДИХК) во Берлин. 


Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9