ЅИДАРИ, ПРОГРАМЕРИ, ПРОФЕСОРИ: Шведска бара и други профили
Објавено во: Економија 05 Јуни, 2019
Диплома од ИТ факултет, професорска диплома и занает на градежник се карта за влез во Шведска, за луѓето од Балканот кои сакаат таму да работат.
Ова се трите дефицитарни занимања, а шведските газди за овие професии се подготвени да одвојат и по неколку илјади евра.
На Швеѓаните им требаат работници од дури 72 професии.
Овие празни работни места можат да ги пополнат и луѓето од трети земји, кои немаат ЕУ пасош.
Им требаат и ИТ стручњаци, лекари, медицински персонал, физички работници и друго.