Абрамович инвестира во батерии што брзо се полнат
Објавено во: Економија 15 Септември, 2017
Рускиот нафтен олигарх Роман Абрамович се вклучи во инвестицискиот тим кој застана зад израелската иновативна компанија StoreDot за изработка на батерии за електрични автомобили кои брзо се полнат.
Во оваа рунда на финансисрање StoreDot од Абрамович, како и од моќни компании меѓу кои Samsung и Daimler собра уште 60 милиони долари за да го унапреди својот проект кој за неколку години би можел да ја добие и својата прва комерцијална верзија подготвена за масовна употреба.
Технологијата на StoreDot се базира на органски батерии кои во иднина би требало да ги заменат литиум-јонските, а чие полнење е многу побрзо. Новиот вид на батерија, FlashBattery би требало да овозможи полнење на електричните возила во само пет минути, а на мобилните уреди за помалку од минута. По пет минути полнење, електричниот автомобил со ваквото решение би имал автономија и до 500 километри.