02 Мај, 2024
0.0305

АД ЕЛЕМ реагира: Немаме скриени, ниту заостанати долгови кон стопанството

Објавено во: Економија 21 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Во врска со податоците за  финансиските обврски на државните субјекти кон стопанството презентирани при вчерашната прес конференција на Министерството за финансии, како и за информациите од тој настан пренесени во дел од медиумите, АД Електрани на Македонија (АД ЕЛЕМ) оцени дека е потребно појаснување околу контекстот во кој се спомнува компанијата, затоа преку соопштение до јавноста тие праќаат реакција а ние во прилог ви ја пренесуваме целосно:

„АД ЕЛЕМ нема скриени, ниту заостанати долгови  кон стопанството, односно кон економските субјекти со кои има воспоставено деловни односи. Акционерското друштво во државна сопственост  ги испрати бараните податоци до Министерството за финансии со пресек заклучно со 31 мај и би сакале да појасниме дека станува збор за тековни обврски чии рокови за плаќање на тој датум се’ уште не биле доспеани, односно не е пробиена валутата за плаќање.  Во информацијата испратена до министерството јасно е наведено  дека станува збор за тековни, а не заостанати обврски затоа што компанијата  нема доспеани, а неподмирени обврски кон стопанските субјекти.  Наведените податоци кои стојат во презентацијата  се тековни обврски  и се во целост подмирени во текот на изминатиот период.

Иако  повеќепати преку медиумите информиравме за финансиската состојба на АД ЕЛЕМ, би сакале да повториме дека компанијата е во одлична кондиција и сите обврски кон државата, стопанството и вработените  редовно се сервисираат.  Тоа впрочем  може да го проверат сите релевантни и надлежни институции на кои им стоиме на располагање. 

АД ЕЛЕМ во првото полугодие од 2017 година оствари нето добивка која надминува 8  милиони евра и има депозити во неколку банки во износ од 20 милиони евра. Со оглед на ликвидноста на компанијата, предвреме е отплатен кредит кон Светска Банка  во износ од 903.526 долари.  Истовремено, би сакале да нагласиме дека друштвото  има евидентирани побарувања од правни и физички лица во износ поголем од 100 милиони евра. Компанијата во согласност со својот развоен и финансиски план, и во иднина  нема да дозволи доцнење на исплата  кон деловните субјекти со кои соработува и ќе продолжи да ги сервисира тековните обврски во согласност со воспоставената динамика“, стои во соопштението на ЕЛЕМ до јавноста.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија