26 Април, 2024
0.0266

АД ЕСМ досега набави струја од 3,43 милиони евра од странство поради сушата

Објавено во: Економија 27 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Поради неповолната хидролошка ситуација која го погоди домашното производство на струја, набавката на електрична енергија од странство чинела 3.343.025 милиони евра што ја спроведе АД ЕСМ преку фирмата за трговија „ЕЛЕМ Трејд“.

Увезени се 62.450 мегават-часа, по просечна цена од 53.53 евра, а досега набавени се продадени вишоци на струја за над 6,2 милиони евра откако во меѓувреме, хидролошката состојба кај природните езера и реки, како и кај вештачките акумулации стана алармантна. 

Откако Владата одлучи да го прекине призводството на електрична енергија од хидроцентралите, од причина што е намален водостојот во природните и вештачките езера, и мора да се спречи да се загрози животинскиот свет, што всушност ја наметнува потребата од увоз на струја, автоматски се поставува прашањето дали ќе поскапи електричната енергија за нашите граѓани. 

Од АД ЕСМ пред две недели изјавија дека сеуште е рано да се формира нова цена, а до крајот на годината ќе важи постојниот шестмесечен договор меѓу ЕСМ и Универзалниот снабдувач. За првите три месеци од наредната година, цената ќе се знае до средината на декември.

,До 31.12.2020 година на сила е шестмесечниот договор со Универзалниот снабдувач, и струјата од страна на ЕСМ ќе му се испорачува по цената која ЕСМ ја даде на тендерот распишан од него. Берзанските цени на струјата за првото тромесечје во 2021 година ќе бидат познати на 15.12.2020 година, а потоа и за вториот квартал. Тогаш ќе се прават и пресметките за цената која ЕСМ ќе ја даде на тендерот на Универзалниот снабдувач за испорака на струја за периодот 1 - 6. 2021 година. Во овој момент е рано да се формира цената, но АД ЕСМ континуирано работи на намалување на производната цена на струјата со цел на обезбеди стабилност на истата за домаќинствата, односно за крајните потрошувачи“, се вели во дописот од ЕСМ.

А од Регулаторна комисија за енергетика за телевизијата уверуваат дека нема да дозволат нов скок. Во август годинава струјата поскапе за 7,4 процетни  со образложение дека државните енергетски компании поради пандемијата имале намалени приходи.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија