19 Март, 2024
0.0282

АД МЕПСО: Плаќаат високи сметки за мобилен телефон и интернет, а се бунат за поскапување на струјата

Објавено во: Економија 10 Август, 2020

Добивај вести на Viber

АД МЕПСО по реагциите на јавноста за одлуката за поскапување на струјата излезе со соопштение во кое вели дека претпријатието побарало зголемување на цената заради тоа што се планира инвестициски циклус од, како што велат од таму, 100 милиони евра.

Од таму велат дека во РСМ не постои произведител на потребната опрема за трафостаници и далекуводи, и поради тоа целата опрема се набавува од странски производители. поради што, според нив, „голото“ споредување на цената на мегаватчас електрична енергија со просечна плата во нашата земја е некоректно. 

По новото утврдување на тарифите на енергетските компании од кои произлегува цената на електричната енергија, АД МЕПСО меѓудругото се огласи со следното соопштение:

„АД МЕПСО е оператор на националниот електроенергетски систем чија дејност е непрекинато и доверливо снабдување на сите потрошувачи со квалитетна електрична енергија. Тарифата за пренос на електрична енергија, како и секаде во земјите на ЕУ и земјите од нашето соседство, на годишно ниво ја утврдува надлежното регулаторно тело согласно усвоена методологија, а врз основа на барање на енергетските компаниии. Методологијата го дефинира барањето со форма и содржина и, во снова, се презентираат и образложуваат трошоците за одржување, реконструкција и надградба на  електроенергетската мрежа.

Со цел доверливо и непрекинато снабдување со квалитетна електрична енергија за сите потрошувачи АД МЕПСО секоја година подготвува инвестициона и програма за одржување, каде што најдомаќински се планираат потребните инвестиции. 

АД МЕПСО е во голем инвестициски циклус од околу 100 милиони евра, составен од проекти за реконструкција на постоечката инфраструктура и изградба на нови електроенергетски објекти“, информираат од таму.

Стручните служби на операторот врз основа на анализите од дефектите, оценка на состојбата на витални делови од постројките, како и недостапноста на резервни делови за опремата стара и 40 години, ја утврдуваат потребата и итноста за  инвестирање во реконструкција на постоечката инфраструктура, постројки и далекуводи, додаваат од друштвото.

„Последните резултати се видливи во постројките во ТЕЦ Осломеј и во Валандово, а во наредните месеци ќе бидат завршени работите и во Дуброво и Прилеп и во четирите најголеми ХЕЦ (во делот на преносната мрежа). Во тек се и реконструкции во постројки во Битола и Скопје, со рок за изведба 12 месеци. Завршен е и 110 kV далекувод Штип – Пробиштип, со приклучок за зоната Неокази. Во тек се подготовки за реконструкција на 4 далекуводи 110 kV, постари од 50 години.

Актуелните приходи од преносната тарифа овозможуваат финансирање на проектите за реконструкција, кои обезбедуваат доверливост на преносната мрежа, но, едновремено, со примената на современа опрема и решенија значително се намалуваат трошоците на АД МЕПСО за одржување за наредниот период. 

Со цел заокружување на  поврзувањето со сите соседни преносни систем оператори, започнат е проектот за поврзување со соседна Република Албанија, со 400kV далекувод од Битола преку Охрид до Елбасан. Кај Охрид ќе се изгради нова 400/110 kV трафостаница со која ќе се обезбеди доверливо снабдување со електрична енергија во југозападниот дел за идните триесет години.Ова е најголемиот актуелен проект со вредност 40 милиони евра“, се дополнува во известувањето.

АД МЕПСО тврди дека голем дел од јавноста е подготвена да плати високи сметки за мобилна телефонија и интернет, а се дразни на поскапување на струјата со која функционираат сите апарати во едно домаќинство.

„За жал, во одредени сегменти на нашето општество сеуште постојат предрасуди и за најмала промена на цената на електричната енергија; дел од критичарите на цената на електричната енергија, во исто време, за мобилен телефон со интернет забава се подготвени да издвојат и значајни износи,  често и далеку повисоки од сметката за електрична енергија. Понатаму, како висока сметка за електрична енергија се третира и сметка кога, оваа најскапа енергија, се користи за загревање на цела куќа или голем стан“, велат од АД МЕПСО.

Тарифата на АД МЕПСО 6 (шест) години во континутитет е намалувана, со што е доведена во прашање ликвидноста на компанијата и нејзиното  функционирање. Тарифата е најголемиот извор од каде се покриваат сите инвестиции за преносниот систем нормално да функционира. АД МЕПСО нема можност да се откаже од своето учество во цената на струјата, затоа што нé чека економски развој на државата кој без стабилен преносен систем е невозможен, истакнува операторот.

„Во исто време напоменуваме дека АД МЕПСО е општествено-одговорна компанија која во контиунитет осум години наназад издвојува значајни средства (до 2 отсто од своите приходи) за проекти од јавен интерес од областите на: здравството, образованието, културата и спортот. Воедно во истиот период дава стипендии на студенти од електроенергетските насоки на државните факултети во Скопје и во Битола, во соработка со ЕВН и АД ЕСМ, вложувајќи на тој начин уште повеќе во иднината на електроенергетскиот систем“, се додава во соопштението.


Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОГОВОР ЗА ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕДЛОГ: Дали Косово попушта за динарот?

ИМА ДОГОВОР ЗА ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕДЛОГ: Дали Косово попушта за динарот?

ДА НЕ СЕ НАМАЛАТ ПЛАТИТЕ: Сенатор бара САД да усвојат 32-часовна работна недела

ДА НЕ СЕ НАМАЛАТ ПЛАТИТЕ: Сенатор бара САД да усвојат 32-часовна работна недела

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ, НО НЕ И „БЕНЗИНЦИТЕ“ - еве како се менуваат цените на горивата по полноќ

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ, НО НЕ И „БЕНЗИНЦИТЕ“ - еве како се менуваат цените на горивата по полноќ

РОМАНЦИТЕ СЕ МАЧАТ СО ВИСОКА ИНФЛАЦИЈА: Во кои европски земји таа е најниска?

РОМАНЦИТЕ СЕ МАЧАТ СО ВИСОКА ИНФЛАЦИЈА: Во кои европски земји таа е најниска?

Велковски: 2.252 лица добиле социјална помош, а имале возило

Велковски: 2.252 лица добиле социјална помош, а имале возило

СТАВЕН ПОД ЗАЛОГ ИМОТ ВРЕДЕН 1,8 МИЛИОНИ ЕВРА - „Неметали Огражден“ од Струмица извести за голема зделка

СТАВЕН ПОД ЗАЛОГ ИМОТ ВРЕДЕН 1,8 МИЛИОНИ ЕВРА - „Неметали Огражден“ од Струмица извести за голема зделка

Албанска компанија ја купи „Студио Модерна“ во Македонија

Албанска компанија ја купи „Студио Модерна“ во Македонија

Со што „Макпетрол“ ќе ги израдува акционерите, но и вработените?

Со што „Макпетрол“ ќе ги израдува акционерите, но и вработените?

ГОЛЕМ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА: Побарувачката за „црното злато“ ќе расте

ГОЛЕМ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА: Побарувачката за „црното злато“ ќе расте