09 Октомври, 2024
0.0640

Адријана Алачки вака и го честиташе роденденот на ќерката

Објавено во: Стил 16 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Со емотивна порака на нејзиниот фејсбук-профил, Адријана Алачки и го честиташе роденденот на својата ќерка, Грациела. Пејачката, автор и водител на емисијата „Вкусот на традицијата“,и претседател на асоцијацијата на готвачи „Гастромак“ вели дека роденденот на ќерката го прославиле во домашна атмосфера.

„Вчера ја чував внуката Јана. А денес, синот Баже и јас и честитавме на Граци, прославивме во домашна атмосфера, и таа традиционално дуваше свеќички. Но, сепак, Грациела роденденот ќе си го прослави уште еднаш, на романтична вечера, со сопругот Игор“, изјави Алачки за Женски магазин.