24 Септември, 2020
0.1261

Адвокатот Спасе Скорниев ќе тужи затоа што полицаец му ја пцуел сестрата што работи во Влада

Објавено во: Македонија 15 Август, 2020

Спасе Скорниев, адвокат од Велес, ќе ја тужи велешката полиција, зашто како што тврди тој, еден полицаец му удрил шлаканица, а друг му ја пцуел сестрата што работи во влада, додека приведен шест часа седел на столче во станица.

Ова се случило, според адвокатот, откако бил приведен зашто додека возел со својот кабриолет на еднонасочна улица пред велешкиот суд повозрасен човек легнал пред неговото возило и се преправал дека бил удрен.

– Се изнаслушав еден куп гнасни работи. Ми ја пцуеа сестра ми што работи во влада, ме провоцираа, ме прашаа што ми вредело тоа што знам повеќе јазици, штом сум завршил во станица. Што сум се правел фраер со кабриолетот исто така ме прашаа, а тој е 2.000 евра. Извадив и лекарско за главата, за раката и за забите. Кој ме тепал ќе го тужам и ќе барам 7 милиони евра оштета. Јас сум комплетно психички уништен а и кариерата уште непочната ми е завршена. Кој ќе оди да го брани адвокат за кого цел град зборува дека завршил во станица тепан?, истакна Скорниев за Слободен печат.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Долари пред Бислимовски за поскапувањето на струјата

(ВИДЕО) Долари пред Бислимовски за поскапувањето на струјата

Каракачанов со нова провокација: Бугарија ќе каже „не“, Македонија не е искрена

Каракачанов со нова провокација: Бугарија ќе каже „не“, Македонија не е искрена

АПАСИЕВ ЗНАЕ И ДА ПОФАЛИ - премиерот, рака на срце, вчера го ислушал во Собранието

АПАСИЕВ ЗНАЕ И ДА ПОФАЛИ - премиерот, рака на срце, вчера го ислушал во Собранието

Избрани замениците министри, се финализираат директорите: Еве кои ги избра ДУИ

Избрани замениците министри, се финализираат директорите: Еве кои ги избра ДУИ

Куртули од „шамарите во Центaр“ - Даниела Рангелова е ослободена од обвинението

Куртули од „шамарите во Центaр“ - Даниела Рангелова е ослободена од обвинението

Во Скопје нема да има настава со физичко присуство во ниту едно основно училиште, пред комјутери и средношколците

Во Скопје нема да има настава со физичко присуство во ниту едно основно училиште, пред комјутери и средношколците

Жерновски се прости од МНР и Владата: Му благодарам на Заев за шансата

Жерновски се прости од МНР и Владата: Му благодарам на Заев за шансата

По Вице, сега и Зоран Заев „го влече“ Николоски по судови

По Вице, сега и Зоран Заев „го влече“ Николоски по судови

ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: Циклон кон Македонија, од викендов драстична промена на времето

ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: Циклон кон Македонија, од викендов драстична промена на времето