03 Мај, 2024
0.0340

Аџибадем ги распродава болниците во Бугарија, Систина останува „златна кокошка“

Објавено во: Економија 08 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Турскиот медицински гигант „Аџибадем“ ги продава уделите во бугарските болници „Токуда“и  Сити Клиник во Бургас, објавија бугарските медиуми. Продажбата се поврзува со инвестициската политика на сопственикот, турската компанија Аџибадем, зад која стои фондот IHH. Компанијата планира да се консолидира и да се фокусира на иден развој без да генерира загуби. Според податоците од Бугарија Аџибадем Сити Клиник има долг од 24 милиони лева. Во време на криза во Турција, инвеститорот планирал да го намали долгот и да изврши прегрупирање на сопственоста, со ослободување на компаниите кои не работат најдобро. Истата турска компанија е сопственик и на македонската клиника Аџибадем Систина, која има над 60 проценти пазарно учество во македонскиот приватен здравствен сектор. Прегруприрањето кај турскиот сопственик, нема да ја опфати клиниката во Македонија најмногу поради добрите резултати и постојаниот раст. Тоа за Фактор го потврдија и од Аџибадем Систина, од каде директно не ги коментираат бизнис одлуките на нивните сопственици за други држави.

Според податоците од Клиниката, таа во Скопје во континуитет бележи раст од пет до седум проценти годишно.

Според податоците до кои дојдовме, годишниот извоз на медицински услуги односно пациенти кои доаѓаат на лекување надвор од границите на државава во Клиничката болница изразен во пари е 15 милиони евра.

„Клиничката болница Аџибадем Систина континуирано инвестира во набавка на најсовремена опрема. Болницата е единствена приватна болница која во своето делување има Онколошки сектор. Инвестира во 3 нови оддели- оддел за трансплантација на бубрези, трансплантација на јетра, како и трансплантација на коскена срцевина. Инвестирањето не е само во најсовремена опрема туку и во високо квалитетен човечки кадар, велат оттаму.

Секоја година во Аџибадем Систина има над 1500 породувања. Има 1000 вработени, а болницата е пионер во операција за менување на пол и во вградување вештачко срце. Таму имаше и неколку случаи на сурогат мајчинство.

Со оглед и на одличните финансиски резултати, воопшто не треба да се очекува турскиот сопственик да излезе од клиниката во Скопје. Прегруприрањето на сопствеништвото, инаку во криза не е чудна работа, напротив, доста честа појава.

Инаку во април 2016 година турската Аџибадем, заедно со Аџибадем Систина и Орка холдинг објавија дека стануваат сопственици на болница „Токуда" во Бугарија и стекнуваат близу 77 процети од акциите на синџирот „Сити клиник" во Бургас, која е формирана во 2010 година и која промени неколку сопственици досега.

Таа, за разлика од Аџибадем Систина не може да се пофали со добри резултати што се гледа и од финансиските показатели за компанијата. Процесот на продажба е доверен на Рајфајзен инвестмент.

Турскиот инвеститор е присутен во Македонија од 2011 година кога ја купи Мала Богородица –Систина која е основана во 2001 година.

Аџибадем Sağlık Hizmetleri ve Ticaret A.Ş.е водечка приватен провајдер за дијагностика и лекување во Турција од 1991 година. Аџибадем има 22 општи болници од кои едната е во Македонија, 11 поликлиники, 13 амбуланти и услужни компании за поддршка, и тим од повеќе од 23.000 вработени и 3.750 лекари.

Во 2012 година, Аџибадем стана дел од поголема глобална мрежа позната како IHH Healthcare Behard.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години