„Аџибадем“ не успеа на бугарско тло, но во Македонија му оди подмачкано
Објавено во: Економија 08 Октомври, 2018
„Аџибадем“ поради нерентабилност ја повлекува својата дејност од клиниките „Токуда“ и Сити Клиник и уделите ги става на продажба, објавија бугарските медиуми.
Поради консолидирање на развојот и тешката финансиска ситуација во Турција, „Аџибадем“ засега се повлекува од Бугарија, односно од здравствениот систем на таа земја, но не и од македонскиот приватен сектор., биудејќи прегрупирањето нема да ја опфати Аџибадем Систина, која според податоците во континуитет бележи раст.