19 Мај, 2024
0.0278

Агелер откри зошто САД не ги споделува доказите за „црните листи“

Објавено во: Македонија 05 Април, 2024

Добивај вести на Viber

На прашањето зошто САД не ги споделуваат доказите со властите во  Македонија за лицата на американската „црна листа“, амбасадорката Анџела Агелер во емисијата Клик Плус на ТВ21 рече дека најголем дел од наодите се добиени од тука и дека обвинителството и судовите можат да ги обезбедат исто.

- Имаме закони за приватност и ќе ги прекршиме нашите закони ако ги отвориме тие случаи и ако ги споделиме доказите. Во секој случај тие докази се... повеќето од нив, не сите, некои од нив потекнуваат од извори во САД, но повеќето од нив доаѓаат од овде, од ова место. Значи, ако американските дипломати можат да соберат информации што обезбедуваат доволно докази, тогаш сигурно истражител или обвинител, или кој било од органите на редот или судството, може да ги најде истите докази, нагласи Агелер.

Амбасадорката  додаде дека во последните девет месеци САД ставиле на црна листа повеќе луѓе од Македонија отколку целиот период од независноста на земјата.

- Една од работите што ја ценам, како што знаете, САД одредија повеќе луѓе за санкции од оваа земја во последните 9 месеци отколку што ние назначивме, верувам, од независноста, вели Агелер.

Таа искоментира дека корупцијата е рак во Северна Македонија и дека има епидемиски размери.

- Корупција...Мислам дека тоа е епидемија, тоа е рак во оваа земја. Верувам дека тие што се вмешани во корупциски дела. Сабајлево размислував... тие се крадци. Верувам дека крадат од оваа држава и од граѓаните. И не се работи само за пари, верувам дека и тие ја крадат можноста, верувам дека во многу случаи крадат и надеж и дека луѓето во оваа земја заслужуваат да имаат лидери, деловни иницијативи и чесни претприемачи, рече Агелер.


Можеби ќе ве интересира

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево