ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри
Објавено во: Македонија 19 Мај, 2024 06:59
Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри, вели за РТК, претседателот на „Вреди“, Арбен Таравари.
„Верувам дека една од трите главни функции на државата, имено претседател на парламентот ќе продолжи да биде Албанец и значителен број министри, особено таму каде што имаме експерти, ние како партија ВЛЕН ќе ги именуваме. Верувам дека таму застапеноста ќе биде достоинствена, со стручни луѓе“, рече тој.
Таравари рече дека конституирањето на Собранието ќе се случи на крајот на овој месец, додека новата Влада се очекува да биде изгласана во првиот дел на јуни.
„Конституирањето на Собранието е планирано да се случи некаде на крајот на овој месец, месец мај, а во меѓувреме кон крајот на следната недела ќе ги имаме и кадровските избори и владината програма. По конституирањето на Собранието, претседателот на државата мора да му го даде мандатот на следниот претставник. Во првата половина на јуни сигурно ќе ја имаме новата Влада“, рече тој.
Коалициските партнери, според Таравари, се согласиле дека приоритет на новата Влада е патот кон Европската Унија, бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата и функционирањето на правната држава.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




