14 Декември, 2025
0.0362

„ПАРТИСКИТЕ И СЕМЕЈНИТЕ ВРСКИ ОСТАНУВААТ КЛУЧЕН ФАКТОР ЗА НАПРЕДУВАЊЕ ВО ДРЖАВНАТА СЛУЖБА“: Апасиев остро за семејните „функционери“

Објавено во: Македонија 10 Февруари, 2025 06:55

Добивај вести на Viber

Нова реакција од опозициската партија „Левица“ на вработувањето на блиски родинини на државни функционери. 

Деновиве честопати се укажува на непотизмот поврзан со семејството на министерот Стефан Андоновски, и функциите на неговиот татко и брат. 

- Партиските и семејните врски остануваат клучен фактор за напредување во државната служба, добивање функции на локално или централно ниво, како и за вработување во институции каде државата е работодавач. Ова го потврдува семејството Андоновски, каде Љупчо Андоновски, советник во Владата, е татко на Стефан Андоновски, актуелен министер за дигитална трансформација, додека Игор Андоновски е началник на одделот на АНБ за град Скопје - нагласуваат од Левица. 

Партискиот лидер на Левица истакнува дека „заложбите против коруптивното поведенеие, непотизмот и врските останаа само дел од предизборниот маркетинг на ДПМНЕ“. 

- Но, од Влада предводена од премиер којшто својата “успешна“ кариера ја започнал како асистент кај својот татко, поинаков и реформски пристап не може да се очекува. Владата на ДПМНЕ, ЗНАМ И ВРЕДИ продолжува да го негува непотизмот како главена дестимулација на професионалните кадри и главен стимул за иселување на младите. 

Системот создаден од непотизам го гуши и државниот апарат и општеството. Ова е причина зошто државата е нефункционална и испорачува катастрофални услуги по многу параметри. За жал, овој општествен канцер не подлежи речиси на никаква одговорност, што овозможува политичките елити да се ги вдомуваат своите миленици на функција по желба, преку што се создава нефункционален систем - построен од послушници, погоден за секоја корумпирана власт - напиша Апасиев на Фејсбук. 

Еве ја неговата објава: 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово